Тргнав да пишувам твит, три пати го сменив текстот, па испадна дека треба да се најмалку два, па на крај решив да пишам пост. 🙂 И ми дојде фино на душичката, дека блогот ми се виде како подобра опција :).
Од локалана перспектива, што е поважно? Десет дена под отворено небо.… или Ербасот соборен…
Прашањево го поставувам од едноставна причина. Појдов на Time.mk и таму видов дека во гнездото од вести на тема земјотреси има вкупно 34 вести. А во гнездото за авионската несреќа повеќе од 80.
Можам да претпостава/навлегувам во можните причини зошто е тоа така, ама мислам дека нема потреба. Исто така знам дека јас сум тој истиот што секогаш мрчи за немањето -вести од светот- во локланите информативни емисии, ама ова е друга ситуација.
Едноставно, не верувам дека некому животот и работата му зависи од падот на авионот.
Вести за францускиот авион што се урна идат преку агенциите колку сакаш. А за да напишеш нешто за земјотресот во валандовско, треба или да имаш дописник таму или да пратиш некој од Скопје да види што се случува 🙂
Знам бе Стеван дека таму лежи зајакот, ама намерно не сакав да го спомнам тоа.
Срамота е. 😉
Ами за земјотресите од 23-24.05, кога беше неработен ден?!
Имаше по една-две штури соопштенија пренесени преку агенциите и во моментот на објавување – веќе застарени.
Да оставиш 200.000+ население само да си шпекулира и да ја развива „паничната спирала“ додека тебе ти е неработен ден е тотално безвезално!
Не е срамота, гревота е да не го спомниш. =)
До кога ќе ги ланчаме?
Дарко, се надевам дека постовите на други теми ти се малку посериозно промислени и дека оваа површност во оценките и заклучоците е резервирана само за темата „новинарство„ за кое очигледно на блогерајов сезоната за отстрел е 7/24 (не дека нема арументи ЗА, но тоа е друга тема).
Имено, паралелата која ја повлече е мешање на баби и жаби и заклучокот кој во текстот се имплицира (што коментарите го потврдуваат) е некоректен и неточен. Да си новинар (што не си) би рекла дека текстот е тенденциозен и непрофесионален. Ако ти е целта да кажеш дека новинарите се мрзливи – кажи дека се мрзливи и илустрирај го тоа со соодветен пример. Ако сакаш да кажеш дека не се локал/патриоти повторно: биди директен (иако лично мислам дека ТОА е нешто што го имаме отповеќе), но да споредиш број на информации за агенциска вест од свет и локална тема преку time.mk и врз основа на тоа да алудираш дека второто е помалку важно за македонските новинари е навистина далеку од умот.
Сигурна сум дека знаеш (и симптоматично е што се однесуваш како да не знаеш) дека time.mk регистрира само онлине содржини: значи само она што е пласирано на интернет страната на медиумот. Уредниците на интернет страните имаат два извора на информации: она што се пласира на главниот медиум и агенции! Логично е дека во текот на денот кога се случува таква вест каква што е уривање на авион по кој се трага (тнр. вест во низа) светските тикери ќе лиферуваат голем број информации. За оној кој се грижи за веб страната на некој медиум не е никаков проблем во текот на денот да стави неограничен број нови вести на таа тема. Меѓутоа, со домашни настани работата е малку поинаква. Бидејќи немаме новинари кои работат првенствено за веб информацијата за домашниот настан, во случајов за домашната тема е една, а најмногу две во текот на денот , односно тоа е информацијата за настанот(земјотресот) и прилогот на новинарот кој оди во печат/ етер.И толку…Нашите медиуми немаат вистински веб редакции, немаат новинари, техника//и сл. за да можат да произведуваат сопствени вести (што е друга тема, повторно)…
Но, дури и да не е така: важноста на одредена тема и нејзиниот третман во медиумот не се одредува со просто броење туку и со начинот на кој таа е обработена . Ако во првиот случај имаш кратка агенциска вест / во вториот тоа се новинарски прилози од лице место, со изјави на луѓе, со поставени прашања до релевантни институции, со теми кои произлегуваат од првата и сл.. Според тоа не можеш да судиш дека првото (уривањето на авионот) било повеќе важно од второт (10 дена под отворено небо),а уште помалку со таква леснотија да даваш сугерираш оценки за цела професија безоглед колку не ти е симпатична.
Лилит, прво искрено да се извинам заради доцната рекција. Од непознати причини коментарот твој влегол во спам коментарите кои не се појавуваат автоматски на блогов, дури денес го видов и одма стиснав да се појави. Извини, немаме никаква цензорска или уредувачка политика.
За коментарот. Апсолутно се сложувам со твоите забелешки, ги антиципирав сите детали кои ги наведуваш, апсолутно ми е јасно дека споредувам баби и жаби, сум правел далеку посериозни академски истражувања и знам што како се брои и споредува. Постот беше чиста провокација.
Но не провокација кон новинарите, зошто свесен сум за техничите, човечки и финансиски ресурси. Туку кон уредувачките гарнитури и сопственици, нели како демек па сеа тие мене ме читаат 🙂
Сепак, овој површен индикатор може да биде некоја појдовна точка по која може да се почне некоја посериозна не само квантитативна туку и квалитативна анализа.
Критиките на блогов, често имаат добра намера, па така и оваа сакаше да истакне дека (според глобалниот тренд) локалните вести продаваат, тија ја рпават разликата. Па кој сака да продава, би требало малку повеќе да вложи во локална содржина која има некаква директна поврзаност и релевантност со нашите секојдневни предизвици.