137 #ПрегледВоПеток – Google updates, Android, Netflix…

Листаме најважни настани од неделата заедно со уште еден #ПрегледВоПеток 🙂

Google ќе го отежни следењето на корисниците од Android апликациите

По потегот на Apple за таргетирање на корисници согласно новите промени што Google ги воведува кон крајот на годината, дојде ред и на Android корисниците. Ако до сега беше лесно да се таргетира публиката врз основа на она што го имаат преземено од Play Store, по опцијата за откажување, ова повеќе нема да биде возможно. Таканаречените Advertising IDs ќе подлегнат на ажурирања како што веќе им е најавено и на девелоперите а сето ова е со цел корисниците да имаат поголема контрола врз своите податоци и поголема безбедност и приватност. Корисниците на Android веќе некое време ја имаат опцијата за откажување на спонзорираната содржина, меѓутоа ова не ги спречува девелоперите да имаат пристап до нивните Advertising IDs.

Прогнозата за сите маркетерите и огласувачи…нервозно со повремени пцовки.

Netflix ја организира првата Geeked Week

Ова важи за сите гикови и негикови, за сите што плаќаат акаунт на Netflix и оние што се шлепаат, за сите што не веруваа во Lucifer додека за прв пат не го погледнаа Tom Ellis без кошула и за оние што на памет ја знаат “Toss a coin to your Witcher”…. Netflix ја организира првата Geeked Week што ќе трае од 7.06-11.06! Цела недела посветена на филмови и серии од најразлични жанрови: anime, sci-fi, comic books, gaming, fantasy и сл. Се најавува и ексклузивна содржина како BTS сцени, интервјуа, игри со познатите, читање сценарио и еден тон други активности. За сега се најавени The Witcher, Lucifer, Sandman, Arcane, The Cuphead show. Не можеш да го промашиш затоа што ќе биде достапно буквално секаде на интернет.

Така што, ако имаш уште од стариот одмор а не ти се даваат пари за PCR тест да одиш на море – еве ти идеја 🙂

Колку цената за достава влијае на онлајн купувањето?

Очекувано е дека овде ќе го споменам балканскиот синдром на купување од AliExpress и фактот дека поголем број купувачи се подготвени да платат поскап производ сѐ додека испораката за истиот е бесплатна, отколку да изберат поевтин производ на сметка на доплата за испорака.

Дали Европа е толку различна од нас?

Заедно со истражувачката агенција YouGov, Seven Senders направија анкета на 8.602 онлајн купувачи во Германија, Франција, Велика Британија, Холандија, Белгија, Италија, Шпанија, Австрија и Швајцарија за нивните очекувања од е-трговците. Резултатите варираат, па еве некои од нив:

  • Шпанците и французите преферираат бесплатна достава
  • За ретки и вредни производи британците би платиле трошоци за достава
  • 1 од 3 холанѓани очекуваат бесплатна достава за нарачка над 20 евра
  • Испораката до дома е сѐ уште најкористен метод

Google со прв од два апдејти на алгоритамот

На 02.06 Google го апдејтираше својот core algorithm како прв од двата големи ажурирања. Вториот иако требаше да биде дел од овој што го внесоа пред два дена, е презакажан за во јули.

Колку овие промени ќе влијаат врз веб страниците?

Според тимот на Google, не би требало да има драстични поместувања, но за ова останува да видиме.

Што ги прави овие промени поразлични од останатите ажурирања?

Неколку пати во годината Google ажурира делови што влијаат на една категорија. Ова ажурирање е посветено генерално на Google Search па така промените се очекуваат да се приметат кај целокупниот процес на рангирање. Ако приметите позитивни промени во вашиот рејтинг по ажурирањето, не радувајте се предвреме затоа што ваквиот резултат може да биде поништен со следниот update, а ако негативно сте погодени, ова не е поради нешто што вие сте го направиле туку едноставно работите се променети.

Бонус линкови

Убав викенд, се читаме во следен преглед во петок 🙂

Бај.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.