Не само неработен, не само продолжен, туку и карантински… ама како беше онаа старана… и да врне и да вее, #ПрегледВоПеток мора да има.
Сакале или не сакале, оваа недела во глобалните теми на дискусија доминираат протестите низ Америка и низ повеќе други земји. Па соодветно на тоа и нашите линкови ги започнуваме од таму.
Blackout Tuesday
Во вторникот се случи т.н. Blackout Tueday, и голем број компании и корисници на социјални медиуми побрзаа да споделат црна слика на своите профили како знак за поддршка на оние кои протестираат ширум Америка во борба за надминување на расните неправди, кои сѐ уште се многу активни во таа држава.
Третата светска војна ќе се води со помош на… инфлуенсер маркетинг
Иван, на Нетокрација има одличен осврт за случувањата во Америка, но од сосема друг агол. Тој забележал дека најголемиот дел од случувањата таму ги следи преку влогерите и инфлуенсерите кои редовно ги следи. Па напишал супер коментар кој всушност ги става во централна позиција инфлуенсерите на социјалните медиуми како важни пренесувачи на пораките и ситуацијата во новото воено жариште во светот. И тука се отвара прашањето, колку може да им се верува? Колку може ние да ги примиме овие инфорамaции како релевантни? Колку може лесно или тешко да се манипулира со јавното мислење и перцепција за ситуацијата преку инфлунесерите? Интересен осврт, вреди да се читне!
Дали брендовите можат да кажат нешто за расизмот?
Секако, не се само инфлуенсерите кои сакаат да земат “piece of the action”, односно внимание, тука, сега веќе традиционално се и брендовите. Поучени од минатото и брoјните истражувања, кои велат дека мора да ги следат дискусиите кои нивните корисници ги водат на социјалните мрежи, брендовите мораа да најдат пораки со кои ќе бидат дел од целата ситуација. Ќе бидат дел, ама нема да бидат дел. Ќе зафатат страна, ама нема да зафатат страна. Ќе кажат нешто, ама нема да направат баш многу… Одличен текст на The Atlantic: Brands Have Nothing Real to Say About Racism
Google доби тужба за private browsing
Уште една во серијата тужби кои секојдневно го добива Google. Некако се навикнавме секој преглед да има по некоја. Овој пат во Америка компанијата доби тужба за следење на приватните податоци дури и кога корисниците го користат т.н. private browsing дел на прелистувачот Google Chrome. Сите знаеме дека не е баш приватно ова сурфање, ама… ете некој се охрабрил да покрене постапка, веројатно во очекување дека ќе направи „мрсна” спогодба.
Бонус линкови
- New Logo and Identity for Popeyes by Jones Knowles Ritchie
- Why smart people believe coronavirus myths
- YouTube Introduces New Ways for Channels to Make Money
- Marketers are embracing Black Lives Matter
- 57% од Европејците купуваат online повеќе од кога било за време на пандемијата
Се читаме следниот преглед во петок, се надеваме без карантин и помалку лудории.