Настанот е овој:
„A New Model for News“, Studying the Deep Structure of young adult News
Consumption – A Research Report from the Associated Press.
Одгласот е следен: „Младите луѓе се уморни од вести“ (туф! 🙂
Заклучоците, и по некое коментарче, се ови(ј)е 🙂
- Вестите се конзуми„с“аат во четири типа пакувања: 1. факти, 2. ажурирање на фактите (од број 1), 3. бекграунд на фактите, 4. најави.
- Испитаниците се пренатрупани со факти и апдејти на фактите и не стигнуваат до третата фаза (контекстуализација, смисла, разбирање…) на вестите, фактите, т.е. постои нерамнотежа помеѓу информации и контекстот на информациите. Со други зборови, информациите се третираат како и брзата храна, „земи, носи“.
- Информациите се конузмираат пасивно (т.е. не се бара контекстот и смислата на понудените информации).
- модерниот начин на живеење влијае на начинот на следење (конзумирање) на вестите (значи седнување после работа и гледање вести од 4 до полноќ, за некое време ќе стане само дел од историјата). Корисниците, поднаучени од интернет навиките, сакаат да имаат контрола врз инфрмациите (да ги следат кога сакаат, колку сакаат, да ги препраќаат, коментираат и реконструираат пред се на онлајн платформи).
- Што повеќе вести и информации на пазарот на информации ја намалува нивната вредност, па затоа исите мораат да се прилагодат и да бидат брзи и директни. Повеќе вести води кон замор од истите. Кон тоа придонесуваат и жаргонизмите и незаокруженоста на сториите.
- Гледачите/читателите сакаат поаналитички информации, но не ги добиваат [брзите медиуми едноставно не им ги сервираат, а сувите интервјуа (високодирани 🙂 со општествените актери повеќе не се доживуваат како аналитичка содржина заради транспарентноста на пристрасноста на актерите].
- Вестите мораат да разберат дека информациите се примаат во „мулти-таскинг сесии“, односно седење и гледање само вести е надмината работа.
Wow, marvelous blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is great, let alone the content!. Thanks For Your article about Информации, ли Ñе информации… | К О М У РИ К РЦ И И .