Блогот како медиум за вистинска демократизација

Постојат многу аспекти од кои се гледа и анализира јавната активност на блоговите. Додека критиките дека самите блогови се преоптоварени со тривијалности, или пак дека придонесуваат за фрагментирање на јавноста, односно дека ја залажуваат јавноста со тоа што ја чинат заробена во вербалната демократија по која ништо не се случува или менува во општеството (дури и влијателните блогови, на познати новинари или јавни лица, се толкуваат како окупација на членовите на центрите на моќ во јавната онлајн сфера), сепак често останува пренебрегнат фактот до кој степен самиот блог-медиум има потенцијал да ја поткопа и можеби целосно смени „репрезентативната демократија“.

Во ваквиот тип на демократија секој од нас има право да бира некој кој што ќе го застапува (во општинскиот совет, во собрание, и слично) и на него му го делегира правото да го застапува. Моќта на мнозинството се пренесува на малцинството кое понатаму со акумулираната моќ менаџира како сака и во некаков ритуален сооднос со изворот на легимтимитетот (мнозинството) се обидува да ја препродуцира самата моќ. Новата медиумска сцена нуди можност, засега главно преку блоговите, да се укине претставувачкиот тип на демократија и граѓаните сами да се застапуваат себе си.

Дали ваквиот растечки процес некако ќе се институционализира, останува да се види, но дека потенцијалот е огромен не треба да се сомневаме. Од време на време се пројавуваат проблесоци дека такво нешто е можно, како во оваа вест од Британија (за легитимирање на онлајн петициите), но која може да се протолкува и како страв на оние кои се свесни за надоаѓачките промени и можниот коперникански пресврт во јавната сфера и обид за компензација и купување време за да колку-толку се врати вербата во репрезентативниот модел.

За оние коишто сметаа дека моделот на јавен простор на Јирген Хабермас е закопан за век-векови, можеби сомнеж дека идејата за јавниот простор по негова мера и не е толку недосеглив.

За некои дополнителни aспекти на оваа тема во упатен текст на Џеј Розен (Jay Rosen).

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments Блогот како медиум за вистинска демократизација

  1. Pingback: волан

  2. Pingback: волан

Comments are closed.