Помина година цела… откако јас не сум го пишувал преглед во петок… чекај да проверам може и да не е… упс, повеќе од една година е. Ајде да не се истакнувам без потреба… одиме со прегледот за оваа недела. Краток ќе биде затоа што веќе ти е јасно штом мене ми дошол редот да се пишува сме заглавиле со работа оваа недела.
Spark.me
Бевме, пред сега веќе два викенда, на Spark.me и поминавме како и секогаш, пренајдобро! И покрај тоа што јас лично си ги спуштив очеквуањата по минатгодишниот спектакл, сепак тимот од Domain.me и оваа година не потфрли, напротив, воодушевија. Капа доле маестро Вања, програмата беше одлична. Новата локација си легна супер и сега веќе дефинитивно е јасно, нема намалување на очекувањата за следната година.
За сите кои прашуваа како поминавме, како беше, дали требало да дојдат и сл. ве молам веќе не прашувајте. Едноставно планирајте си секога година пролет во Црна Гора и тоа е тоа… Да зажалите, нема!

Дај да ти видам Фејсбукот ако сакаш виза
Можеби идеологијата, т.е. приказната околу актвностите е различна, ама постапките се исти. Не знам на чија страна си, Кина или Америка, ама мене се повеќе ми делува дека нема баш преголеми разлики во нивните постапки. Како и за куп други работи, сè зависи на која страна ќе одлучиш да веруваш и потоа ќе си најдеш оправдание. NYT известува: U.S. Requiring Social Media Information From Visa Applicants. Не сум аплицирал, ама ако некој има искуство нека сподели, баш ме интересира односот и пристапот.
Сензационално! Најстарото дрво во Скопје прозборе!
Добро, добро знам, не е овој блог место за вакви наслови, ама супер горди сме што заедно со УНДП МК и Билјана Црвенковска успеавме да му дадеме глас на најстарото дрво во Скопје. Некако непланирано, една по друга идеја дојдовме до овој наратив, го реализиравме и сега веќе размислуваме за следен чекор.
Што има да каже дрвото? Е за тоа ќе мора сам да си прочиташ. Не е на „нашиве” теми, ама многу е важно тоа што го кажува: Приказните на најстарото дрво во Скопје [Англиска верзија]
Еве и неколку бонус линкови, да не речеш дека кратам и на нив. Ќе ми се налути Симона 🙂
- 2019 Logo Trend Report
- New Mac Pro
- Clear View – Интернет Маркетинг Академија [рана пријава]
Толку од првиот јунски преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.
Се читаме во следниот преглед во петок. 😉