[Конференција] Брендови: патот до потрошувачот

Во Македонија општо познат е мрчот дека нема добри настани, од кој било тип. Па така заглавени во мрчењето дури и кога има добар настан некако по навика се обидуваме да ги уловите просечните работи во него и да не му го оддадеме заслуженото внимание. Во петок во Скопје ќе се случи настан кој (искрено се надевам) ќе отскокне од просекот.

Во организација на Капитал Академијата во Александар Палас на 08.06.2012 ќе се одржи маркетинг конференција – Брендови, патот до потрошувачот. Со едно многу звучно име, Џејсон Ромејко, интернационален креативен директор на Saatchi&Saatchi за брендот T-Mobile и многу локални бизнис херои организаторите ќе се обидат низ три различни панели да го задржат вниманието на посетителите.

Одличен е воведот на нивниот сајт, има доволно детали кои го прават овој настан прималив за посета.

Како се повторува успехот на еден бренд преку екстензија на производи од истиот бренд ќе објасни Милош Радуловиќ, менаџер од Алкалоид, кој преку примерот на Кафетин ќе илустрира како овој бренд стар 55 години, го повторува успехот со екстензиите Кафетин Колд и Кафетин Менструал.

Како брендот отвара нови пазари ќе дознаете од искуството на винарницата Тиквеш со винскиот бренд Т’га за југ

А како се раѓа и подигнува нов бренд во Македонија како што е “Винчини”, ќе раскаже Глигор Цветанов, извршниот директор на Макпрогрес.

Ќе твитаме, и пишуваме после и за време на настанот. Искрено се надевам дека нема да разочараат локалците со лоши и досадни презентации зошто темите вака најавени делуваат интересно.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.