Промовиран националниот форум за интернет надзор

NFIN.org.mkГодини наназад истражувањата покажуваат дека т.н. Google генерација (линкот е додаен подоцна) не е толку способна околу ИТ технологиите како што постарите често нагласуваат. Тоа е сосема нормлано, бидејќи сепак, можеби тие знаат како да кликнат овде или онде, но сепак им недостасува искуство и пошироки позанвања за да можат во секоја ситуација да донесат правилна одлука. Се разбира за тоа е тука процесот на образование, формално, неформално, улично, но и интернет образование.

Токму за превенција и заштита од несакани искуства на Интернет и соодветна образовна надградба е основан Националниот форум за интернет надзор. Оваа нова македонска непрофитна организација ќе биде јавно промовирана утре во рамките на меѓународната „Лидерска конференција за ИКТ во образованието 2010“.

Во делот од страницата каде е појаснето зошто постои овој форум е наведено следново:

Децата на денешнината се особено поврзани со употребата на Интернетот, бидејќи скоро и да не познаваат време кога тој не постоел. Има многу штетни појави на кои децата се изложени кога користат Интернет – кражба на идентитетот, несоодветни содржини, верска и национална омраза, но можеби најголемата опасност се крие во нивната потенцијална сексуална злоупотреба.

Сексуалната злоупотреба може да се појави во повеќе видови: сексуални предатори, несоодветни содржини, злоупотреба на малолетници во педофилски активности, итн. Децата, како млади личности отворени за сознанија, сеуште немаат доволно развиени критериуми и одбранбени механизми за да ги препознаат овие опасности, а уште помалку да се борат со нив.

Токму тука се наоѓа оправданоста, а и неопходноста од постоењето на организации како што е НФИН – Националниот форум за интернет надзор. Овие организации ги заштитуваат децата од несаканите видови на нивно искористување, и тоа со повеќе видови на активности, кои меѓусебно се надополнуваат и помагаат.

Овој форум ќе делува преку:

  • Соработка со интернет-провајдерите
  • Можност граѓаните да пријавуваат престапници
  • Подигање на свеста и едукација
  • Соработка со државни институции и органи
  • Соработка со странски организации
  • Интернет присуство
  • Известувања на јавноста

Па затоа ако забележете некој сексуален предатор? Сајт со несоодветна содржина (детска порнографија, педофилски содржини…)?
или ако некој се обидува да дознае податоци од деца и млади во chat-соба? пожелно би било да: Пријавите тука!

Напомена: Авторите на овој блог како основачи на Центарот за нови медиуми соработуваат НФИН и се Заштитници на децата на Интернет! Можете и вие!


Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

15 Comments Промовиран националниот форум за интернет надзор

  1. Tomi 08/06/2010 at 02:08

    Докажано е дека ваквите организации во пракса ништо добро не прават. Најдобро регулаторно/контролно тело се докажува по милионити пат дека е самата интернет заедница. Јас ако дознаам за некој предатор, веднаш ќе објавам на сите ѕвона за тоа (читај: twitter, fb, buzz…), а нема да барам некаков си сајт на некаква си „македонска непрофитна организација“, каде што нема да имам follow-up на превземените активности…

    Не ме сфаќајте погрешно, идејата и грижата за децата ви е за пофалба, само мислам дека џабе си ја трошите енегријата и парите – т.е. ако вашава непрфитна организација всушност не стане „непрофитна“ преку ноќ, благодарение на донации и експерти… Само гледајте да немате експерти од Норвешка, аман 😛

  2. Darko Buldioski 08/06/2010 at 10:36

    Томи, до некаде можеби и имаш право, но не се сложувам целосно. Причината е доста едноставна. Дали ти како индивидуалец кога ќе раструбиш на интернет ќе бидеш доволно релевантен (без никаква навреда) за интернет провајдерите да реагираат на твојата забелешка? Секако ќе влијаеш на твојот круг пријатели и познаници но дали се тие доволно и дали се тие баш оние кон кои е насечена активноста? Јас на пример немам во мојот социјален круг премногу родители на мали деца или пак мали деца за да можам директно да ги известам. Тука доаѓа до израз една ваква организација која се обидува да изгради мрежа на конткти и соработки кои во дадена ситуација ќе преземат некаква соодветна активност за заштита на децата.

    Во секој случај и јас и ти и понатаму ќе алармираме секаде каде ќе стигнеме, но тоа не значи дека на треба да постојат и вакви инцијативи.

    Што се однесува до непрофитноста… се ми се чини дека малку погрешно си ја сфатил… 🙂

  3. Anonymous 08/06/2010 at 20:41

    @Томи

    Прво, грешиш во тоа што мислиш дека ако пријавиш кај „некаква непрофитна организација“ тоа ќе застане тука и ќе ја снема во црна дупка.

    Ако ја прочиташ (а очигледно не си ја прочитал) страницата „Како делуваме“ на сајтот на НФИН (http://nfin.org.mk) ќе видиш дека секоја пријава, откако ќе биде верифицирана (т.е. ќе биде докажано дека навистина се работи за закана) — се става во листата на „рецензирани“ сајтови која автоматски се доставува до ISP-ата од Македонија (оние кои доброволно учествуваат). На тој начин, твојата пријава **реално** ќе биде ефектуирана со *блокирање* на престапничкиот сајт. Подобро од тоа ниту ти не можеш да направиш, со сите „твитања“, „базови“, викање по улица, димни сигнали и удирање во там-там. 🙂

    Второ, кога некаде ќе искажеш „Докажано е дека ваквите организации …“, кажи каде и кога е докажано, бидејќи таквите искази единствено докажуваат дека — ништо не докажуваат.

    Дали имаш некои сознанија за кои ние немаме поим? Ако е така, кажи — да ги избегнеме стапиците и да го докажеме спротивното.

    Трето, насетувам кај тебе недоверба кај домашните НВО-а. Очигледно, ова е последица на негативните плукачки кампањи на извесна политичка партија, која се обидува да ги демонизира, наводно, „предавничките“ НВО-а — а всушност оние кои не мислат како нив.

    Ваков, циничен, поглед на работите е погрешен, затоа што е премногу генерален и секако сосема спротивен на вистината. Има луѓе кои навистина, искрено и непрофитно сакаат да прават добро за општеството (за разлика од политичарите).

    Ако ти мислиш дека сѐ мора да биде „профитно“, тогаш те молам не се пријавувај како волонтер во НФИН. 🙂

    Изјава за транспарентност: Јас, Ванчо Орданоски, сум претседател на Националниот форум за интернет надзор, и, се разбира, секогаш ќе се борам за тоа да бидеме разбрани на вистинскиот начин.

  4. Tomi 08/06/2010 at 21:37

    ОК, признавам дека можеби малку прекритички настапив.

    @Darko: Најмногу ми пречи според мене несреќното избрано име „Национален форум за интернет НАДЗОР“ и веднаш кога го прочитав се „накострешив“. Пак ќе повторам, за пофалба е иницијативата бидејќи се грижи за најневините во светов. Грижата за децата треба да е на прво место, и иако немам свое дете, имам внука од 9 месеци со која поминувам 80% од моето слободно време и знам дека се' би сторил за неа и за да ја заштитам.

    @Ванчо: Грешно насетуваш колега, сосема грешно. Ќе почнам отпозади.

    Трето: Нит ме замајала партија, ниту имам недоверба кон домашните НВОа. Напротив, поранешен член сум на две, а еве аплицирам за работа на проект на МЦМС. Недоверба имам баш напротив, кон партиите, држ. администрација, судови, катастар и тн…

    Второ: Обидот за регулација на интернет просторот од страна на организации, поготово владини, освен во Кина, не сум чул дека вродил со плод во друга држава. А и во Кина колку тоа е успешно не знам, тие конткакти кои јас ги имам ми кажуваат дека ако се сака, може да се избегне државната контрола и цензура (надзор е клучниот збор, нели?). Ако сакаш да пратам линкови, кажи, ќе пратам, каде се претрпеле неуспех ваквите тела, од ICANN, па до Interpol (ако веќе зборуваме за педофили). Според тоа што јас го читам и гледам (а читам и гледам многу), успешни случаи против педофили има самово два случаи: дојава од граѓани на полицијата, и од преправен агент. Тела за интернет надзор не завршиле некоја работа, или биле маргинализирани и не стигнале во вестите, за јас да прочитам.

    Прво: Баш делот „Како делуваме“ го читав, и немаше ништо од ова горе кое ти го нашиша. Еве пак проверив – нема. Совет: преуредете го сајтот да е појасно што како делувате 🙂

    Уште еднаш, да не ме сфатите погрешно: идејата и грижата е за поздравување. Но, во нашава Македонија сум се среќавал многу пати само со добри намери и ништо повеќе. Не само што не се работи на случајот, туку и се забушава и оддолгвлекува намерно за да се заработи повеќе. Заработи – не само пари, туку и популарност, покриеност, титула „експерт“ и сл.

    Дај боже да грешам во врска со НФИН..

    Сепак, останувам на ставот дека најдобар регулатор за што било, од препорака за добар филм, па до разоткривање на педофили, е заедницата. Така било пред 200 години кога сме живееле во мали средини (села), така е и денес кога живееме во глобално село благодарение на комп. мрежи и Интернетот. А верувам дека тоа ќе биде случај уште повеќе во иднина.

    Ја ценам и изјавата за транспарентност. Еве, сум ве сфатил погрешно. Ванчо, уживам да те читам, иако ретко пишуваш 🙂 Те ценам како ИТ професионалец и човек. Но мислам дека како претседател на НФИН нема баш да има со што да се пофалиш.

    Поздрав

  5. Anonymous 08/06/2010 at 22:04

    Ок, Томи, продолжуваме — мора да се разјасниме:

    Малку ме „сецна“ кога напиша дека на нашиот сајт не постои делот како соработуваме со ISP-ата. Веројатно си гледал погрешно. Еве ги тие неколку реченици, од збор до збор (copy/paste):

    „Основната активност на НФИН е соработката со интернет провајдерите и мобилните оператори во Република Македонија, како примарни канали за достап до Интернет.

    Овие компании, доброволно имплементираат листи за филтрирање во кои би се содржеле адресите на сајтовите и другите интернет ентитети (социјални мрежи, инстант-комуникации, IRC канали и слично) кои докажано имаат содржини со кои сексуално се злоупотребуваат децата.

    Всушност, се работи за еден вид на рецензија на содржините, која доброволно би била применувана од страна на интернет-провајдерите.

    Листите кои ќе бидат применувани ќе бидат достапни на увид на заинтересираните.“

    Ок, значи тоа го расчистивме 🙂

    Натаму, за „името“ (ах, тие имиња): „Надзор“ е најдобриот превод што го најдовме за англискиот збор „watch“ во овој контекст. Се работи за најчестиот назив на ваквите организации во светот: „Internet Watch Foundation“. И, пред да прашаш зошто не сме „Фондација за интернет надзор“, да ти одговорам: „фондација“ не сме можеле да бидеме, според нашиот закон (за регистрација на здруженија) — морало да имаме минимум 12,000 евра (ха! камо среќа да ги имавме!).

    Знам дека по малку замирисува на „удба“, „озна“ (све дозна), „чека“ и другите alphabet-soup комунистички организации, но имаме сериозна намера да се занимаваме токму со тоа: надзор над интернетот.

    Значи, чукавме глава, размислувавме и го избравме „надзор“. Сега ќе мора да живееме со тоа 🙂

    Но, основната грешка е НФИН да се поврзува со режимска цензура на интернетот a la Кина, Северна Кореја или Австралија(!).

    Организациите од типот на НФИН се широко распространети во Европа и во светот, организирани се на истиот начин како и нашава, Европската Унија има посебна програма за нивно поттикнување и финансирање на проекти (http://ec.europa.eu/information_society/activities/sip/index_en.htm) и никому не му паѓа на ум да ги идентификува со државна цензура. Всушност, ете — да признам — моделот на организација и работење го „украдовме“ од ЕУ (не дека има некоја забрана на тоа).

    Сите овие организации се потпираат баш на заедницата во идентификување на инцидентите, токму онака како што и ти си насетил. Проблемот на заедницата е што нема начин ефикасно и ефективно да делува во кратко време — како што (ќе) може НФИН.

    Инаку, најактивна и најразвиена сродна организација во Европа е Британската IWF (http://www.iwf.org.uk/). Тие во просек имаат по 80 нови пријави неделно — резултат на директна соработка со заедницата. Втори се норвежаните (да, баш како и оној …)

    За крај, ти благодарам на скепсата, тоа секако е здрава, потребна работа. Ми послужи одлично, за да го издефинирам сопствениот тек на мисли и да разберам каде лежи дел од евентуалните недоразбирања во јавноста (иако твоево е прво јавно).

    Дискусијава сигурно ќе резултира со неколку нови теми на нашиот сајт.

    И, за докрај да ти докажеме дека грешиш, те повикувам да ни се придружиш, ако смееш 🙂 Контактот ќе го најдеш на нашиот сајт.

  6. Darko Buldioski 09/06/2010 at 00:56

    Здраво е да има здрава дебата… баш ми се допадна дискусијава….

    Томи, свесни сме дека името на прва не открива за што станува збор и може да се толкува негативно, но тоа е тоа… ќе се потрудиме (се надевам сите заедно) да стане позитивно порепознатливо…. сепак… може овде да дискутираме уште многу… но НФИН, неговите основачи, партнери, волонтери, соработници и заедницата ќе мора долго и напорно да работата за да го оправдаат постоењето… од тоа никој не бега…

  7. Tomi 09/06/2010 at 11:12

    ОК, мислам дека се објаснивме и дека сите сме на иста страна 🙂

    Делот „Како делуваме“ би ко преструктуирал да биде појасен, баш како погоре што го напиша Ванчо, да биде појасно за неинформираните посетитлеи на сајтот. Сега како што е, има кажано многу работи, не нема јасен тек на постапката. Ова горе од Ванчо навистина е многу појасно за секој лаик „…секоја пријава, откако ќе биде верифицирана (т.е. ќе биде докажано дека навистина се работи за закана) — се става во листата на „рецензирани“ сајтови која автоматски се доставува до ISP-ата од Македонија (оние кои доброволно учествуваат). На тој начин, твојата пријава **реално** ќе биде ефектуирана со *блокирање* на престапничкиот сајт.“

    Па којзнае, може и навистина да ви се придружам 🙂 Со среќа и се надевам НФИН нема да има многу работа…

  8. Anonymous 09/06/2010 at 11:28

    Ова е за крај, и верувам дека ќе бидам краток! 🙂

    Томи, твоите забелешки се прифатени, и ги променивме нејасните делови.

    Додадовме и една посебна страница во која разјаснуваме дека сме од „добрите“: http://sites.google.com/a/nfin.org.mk/site-mk/kak

    А она твоето дека „можеби“ ќе ни се придружиш — веќе ни се придружи … сајтот е сега во еден дел и твој 🙂

  9. Anonymous 09/06/2010 at 14:22

    nacionalen forum za internet NADZOR ?!

    Zvuci kako Mazedonia Jungen (ili Ministerstvo za Nadzor od 1984).

    Inace ideata za tracking na predofilite e odlicna.

  10. дамјан 14/06/2010 at 03:26

    „Години наназад истражувањата покажуваат…“

    линк до наводните истражувања???

  11. Arabic TV 21/08/2012 at 06:30

    I relish, result in I found just what I used to be looking for. You have ended my 4 day long hunt! God Bless you man. Have a nice day. Bye

  12. airport shuttle 21/11/2012 at 13:13

    You might be a redneck if: You see the word Download, and take the shells out of your shotgun.

Comments are closed.