Кога им кажуваме на маркетинг и ПР луѓето, но и на директорите на различни компании дека клучот за квалитетно присуство на интернет денес е базирано на квалитетна, уникатна содржина најчесто наидуваме на разбирање но подоцна кога ќе дојде време за развој на стратегија и реализација некако не го гледаме тој дел.
Често се повторуваме дека зад успешноста на социјалните медиуми стои содржината. За да не го тупам сега со едни исти муабети кои секако ќе ги повторувам и во иднина, еве само два од скорешните примери кои комплетно покажуваат дека не е доволно само да се направи реклама или да се објави статус на нет.
Производство на содржина значи и следење на светот околу себе, спојување на брендот со креативните идеи кои веќе постојат или може да се развијат и реализираат. Доста е муабет еве што ме инспирираше за да го пишам постов:
Еве го и спакуваното видео на Smirnoff, a на нивниот YT акаунт има уште видеа за од проектот.
И секако RedBull.
Свесен сум дека овие проекти коштаат грдни пари, но тоа не значи дека парите се пречка за промена на начинот на размислување кога станува збор за маркетинг комуникација, секако.
А дали во Македонија агенциите за интернет маркеинг нудат целосна услуга со креирање на таква содржина за брендовите? За креирање на уникатна содржина секако е потребен тим од креативци, онлајн новинари и ПР луѓе, но малите и средните компании секако немаат ресурси за такво нешто. Што да прават тие? Кои им се можностите да настапат вака а тоа да биде во рамки на нормален буџет?
Никола, прво да се извинам што коментарот заглавил на модерација.
Не мора секогаш се да сработи една единствена агенција, за различни делови од настапот или кампањата може да бидат ангажирани или подобро речено задолжени различни агенции, и не само агенции туку што е уште поважно вработени во самите компании.
Да, креирање содржина не е ефтина работа, особено за мала или средна компанија, но сепак со добар план може да се постигнат долготрајни резултати.
Понекогаш буџетот навистина лаже, не секогаш ви треба голем буџет, особено ако станува збор за мала компанија. Корисниците го знаат тоа и ја препознаваат идејата и трудот без разлика што видеото можеби не изгледа идентично квалитетно како на Heineken или сл. Ако суштината на пораката е тука, ако содржината е корисна тогаш резултатот нема да изостане.