138 #ПрегледВоПеток – Amazon Sidewalk, Apple email, EmbedForms…

Интересни работи се случуваа изминатава недела.. Ајде заедно да видиме што точно во денешниот #ПрегледВоПеток 🙂

Amazon Sidewalk паметни соседства

Amazon работи на паметни домови уште откако Alexa излезе, но сега нивната идеја прерасна во нешто поголемо – паметни соседства. Најавени уште во 2019та, проектот т.н. Amazon Sidewalk користи бежични Bluetooth и радио сигнали за пренесување на податоци помеѓу компатибилни уреди на далечини на кои Wi-Fi не може да достигне.

Интересно е што Amazon Sidewalk не бара никаков нов хардвер, барем не за поврзување на уреди. Наместо тоа, Echo спикерите и Ring уредите добија бесплатен софтверски апдејт. На скала од 1 до 10 за интересно, му давам 6/10.

Apple email vs. newsletters

Apple најави доста работи на Светската конференција за девелопери (Worldwide Developer Conference) но една од нив може да претставува закана за новинарството кое растура на мејл. Во понеделникот, Apple најави Mail Privacy Protection што ќе го лимитира бројот на податоци што луѓето кои ти праќаат мејлови ќе можат да ги соберат за тебе.

In the Mail app, Mail Privacy Protection stops senders from using invisible pixels to collect information about the user. The new feature helps users prevent senders from knowing when they open an email, and masks their IP address so it can’t be linked to other online activity or used to determine their location.

Ако те интересира темава повеќе, го препорачувам следниов текст: Will Apple Mail threaten the newsletter boom? 8/10 на скалата за интересно.

Фидбек од потрошувачи за само неколку секунди

Дечките од EmbedSocial направија сервис за градење на фидбек форма која значително го подобрува собирањето на податоци преку онлајн формите.

Сега ние маркетерите, сопствениците на мали бизниси и истражувачите ќе можеме да:

  • креираме фидбек форми без лимит,
  • собираме различни видови на податоци,
  • добиеме нотификација на мејл секој пат кога некој ќе ја пополни формата,
  • ги следиме одговорите на начин кој е прегледен, и
  • да ги ескпортираме податоците во Excel, Google Sheets или CSV формат за понатамошна анализа.

Браво! Како маркетер мене ова ептен ми се допаѓа и едвај чекам да го пробам. 9/10 на скалата за интересно.

Прва IGTV серија кај нас – Нека остане меѓу нас

Не можам да бидам објективна за ова ама морам да ви го пренесам (упс 🤫). Вчера во 20ч на IGTV каналот на Вива (да, Вива соковите) се појави првата епизода од серијата насловена “Нека остане меѓу нас”. Она што може да се види до сега е дека станува збор за дејствие помеѓу три тинејџери, кои се главни ликови, и нивниот свет кој вклучува тајни и драма. Започнува со летниот распуст и славење на роденден, со мал твист.

Мислам дека има потенцијал да биде не само првата IGTV серија кај нас туку и првиот успешен обид на бренд да се доближи до младите тинејџери кои многу тешко се придобиваат. Реков, не можам да бидам објективна – 10/10 на скалата за интересно.

Бонус линкови

Уживајте во викендот и се читаме во следниот преглед во петок 🙂

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.