И покрај сиот мој ентузијазам и гуглирачко искуство не успеав да ја лоцирам анкетата за која станува збор во текстот „Секој петти на одмор оди со лаптоп“ од неделно „Време“. Штета, бидејќи во него, то ест во самата анкета која се споменува, се наведени неколку добри и важни поенти, но понекогаш во животот е поважно да се бараат одговори на прашањата, а не недостатоците на другите 🙂 па затоа и ја цитирам истата:
Денешните електронски уреди им овозможуваат на луѓето постојано да се поврзани со своето работно место, пријателите и со семејството. Електрониката особено им се погоди на младите, кои предничат во носењето лаптоп-компјутери на одмор. Некои од нив се плашат дека ако се исклучат, ќе пропуштат важни настани и информации. Други едноставно уживаат во тоа што се „приклучени“.
Една петтина од испитаниците признале дека работат додека се на одмор, уште една петтина ги проверувале работните интернет-пораки или се јавувале во канцеларијата, а две петтини ги проверувале личните пораки. Половина од испитаниците ги следеле нивните телефонски говорни пораки.
Што да се каже ако не тоа дека поврзаноста на луѓето со својата околина преку технологиите за комуникација достигнала степен на природност и ни е под кожа би рекол до стадиум на кој тоа е местото на струјата во нашето секојдневие. Колку е тоа добро или лошо, нека заклучи за себе секој до нас, но би додал дека малку вистински одмор и излегување од „Матриксот“ никого нема да му наштети 🙂
Albert Einstein~ Common sense is that layer of prejudices which we acquire before we are sixteen.