88 #ПрегледВоПеток

Денешниот #ПрегледВоПеток изобилува со линкови за сечиј вкус. Верувам дека ќе најдеш нешто те интересира затоа скролај и читај.

Facebook со ознаки за медуми потпомогнати од државни пари

Facebook најави дека ќе додаде ознаки за објави на медиуми во сопственост на или контролирани од државата. Со ова ќе им даде до знаење на своите корисници за изворот на информациите што ги гледаат. На ваквите пејџови ќе им биде забрането да се рекламираат почнувајќи од летово.

Она што посочи Facebook е дека оваа ознака нема да ја имаат постови или пејџови што пишуваат статии на тема ‘state-controlled media’. Ниту пак постовите ќе бидат подлежни на надзор или проверка на факти.

Дозвола за вметнување слики од Instagram

Newsweek e сајт за вести кој е моментално во спор со корисник на Instagram поради нарушување на авторски права. И покрај тоа што искористената слика била вметната (embedded), компанијата не побарала дозвола за користење од креаторот.

Како резултат на целава ситуација, сопствениците на сајтови можеби ќе треба да бараат дозвола од корисниците на Instagram за користење на нивните слики за веб. Си имаме ние дел во преглед во петок каде споделуваме пост од Marketoonist. Дали можеби ќе треба да бараме дозвола од Tom Fishburne?

TikTok вети дека ќе ги промовира афроамериканските креатори

Во понеделник TikTok објави серија мерки што планира да ги преземе откако беа обвинети дека нивниот алгоритам не прикажува доволно афроамерикански креатори.

Дел од мерките вклучува и креирање “creator diversity council” со цел “recognizing and uplifting the voices driving culture, creativity, and important conversations on the platform”. TikTok исто така вели дека ќе ги преиспита стратегиите за модерација, ќе направи нов “user-friendly” процес за жалби и дека ќе направи нов портал за креатори што ќе ги прошири комуникацијата и можностите за пошироката заедница на креатори.

Twitter во обид да ги спречи луѓето да споделуваат статии што ги немаат прочитано

Twitter тестира нова опција на Android апликацијата која при ретвитнување на линк отвора прозорче што те прашува дали навистина сакаш да ретвитнеш линк што воопшто не си го ни кликнал да го отвориш.

Ова решение не е банирање на ваквите ретвитови. Напротив, дизајнирано да го стави корисникот во мислење за тоа што споделува на платформата. Дали би функционирало ова? Останува да видиме.

Велика Британија ќе прави свој 5G Club за да му пркоси на Huawei

Британската влада пробува да ги натера САД да формираат клуб од 10 држави – G7 нациите плус Австралија, Северна Кореа и Индиа – со цел да направат своја 5G технологија за да не зависат од Huawei.

Премиерот Boris Johnson изработил план за исфрлање на Huawei од мрежните оператори до 2023. Во меѓувреме кинеската компанија има дозвола да гради до 35% од мрежната инфраструктура.

Бонус линкови

View this post on Instagram

“Brands, Hashtag Activism, and a Time for Real Reflection” – new cartoon and post https://marketoonist.com/2020/06/hashtagactivism.html ”Now is not the time to be silent, neither is it the time to jump on a bandwagon. It’s a time for real reflection and care with regards to how a brand and its leaders stand by the black community at this time and move forward with real steps to end racism and injustice globally and not only on the streets but in their organizations too.” – Cephas Williams, founder of 56 Black Men As Cephas Williams put it, this is a “time for real reflection” that goes far beyond Blackout Tuesday. Mark Ritson wrote a powerful article this week titled “If ‘Black Lives Matter’ to brands, where are your black board members?” He wrote, “Companies need to become the change they are tweeting about. Walk the walk before you tweet the tweet.” Mark then shared example after example of brand communication supporting Black Lives Matter this week, contrasted with screenshots of the mostly white leadership teams behind those brands.  Ouch. That “Ouch” induced by holding up a mirror is part of this “time for real reflection.” That applies not only to the brands we work on and the organizations we work in but to us as individuals. I know I have more work to do personally — including diversity in the cartoonist collaborators I work with on client projects, the marketing voices I listen to, the brands I write about, fellow speakers I recommend to event organizers, and even the cartoon characters I draw. In recovery, one of the guiding principles is “progress not perfection.” When trying to make a change, perfection can be overwhelming.  Ultimately, we learn the most from our mistakes, and that’s what allows us to make progress. I think the “progress not perfection” principle can be helpful here too, if we’re truly honest about looking in the mirror, and not settling for what we see.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок 😉