Потрага по вистинскиот модел

Како што е веќе познато најголемиот хендикеп за порастот на online вестите беше недостатокот на соодветен економски модел. Се до моментот додека online изданијата на весниците не почнат да прават профит, на нив ќе се гледа само како на можност за промоција. Оваа ситуација беше актуелна се до почетокот на 2003 година кога некои американски весници успеаја да профитираат од своите online изданија. Но ова беа само малку примери. Експертите се уште експериментираат со нови модели и содржини. *
Две нови содржини на страниците на американските весници можеби го пробиваат патот на новиот економски модел. Првата опција ја воведува Los Angeles Times. Тие на својата веб-страница воведуваат нова содржина наречена “wikitorials”. Се воведува нов дијалог со весниците преку кој на читателите им се овозможува да го дополнуваат текстот на страниците со помош на веќе познатиот Wikipedia модел. Втората новина ја внесува Chicago Sun-Times. Тие од својот весник ги кратат страниците со берзански податоци и ги поставуваат исклучиво online. Со оваа, но со префрлување и на некои други содржини тие (а по нив веќе и цел бран на други весници) директно ги кратат трошоците на печатеното

издание.
Дали овие нови содржини го градат новиот економски модел кој би бил соодветен за online изданијата на весниците останува да видиме.

* Online News and the PublicДодадено: 15,06,2005: Писмото со кое Los Angeles Times ги известува своите читатели

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.