Вчера коментирав на официјалниот блог на акцијата сподели знаење за одличното покривање на настанот на кои дел од момците се наоѓаат (iSummit), а веќе денес тие носат нови радости 🙂
Веројатно знаете во вторник Метаморфозис во рамките на Официјално претставување на македонската верзија на лиценците Криејтив комонс го најави како специјален гостин Џои Ито, ако не стезнаеле, еве сега знаете.
Згора на нивната програма денес момците од Слободен Софтвер во Дубровник го договориле следново:
Во неврзана средба на iSummit-от со Марсел Марс од Ми2.хр, и Џои Ито падна договорот во Точка од 20:30 Џои да одржи предавање на една малку поинаква тема, насловено „Wow vs. Second Life“. …Сподели знаење
Не сум фан на ниту една од овие игри, иако пред многу години уште кога не беше мрежно ориентирана ја играв WoW, и имам еден ден искуство со Second Life, сепак ептен му се радувам на настанов, некако ми внесува свежина.
Браво за Слободен софтвер, браво за Метаморфозис. Се гледаме во вторник, задолжително.
Апдејт: второ предавање нема да има, ќе мора да се эадоволиме “само” со едно.