Irex ја објави студијата за состојбата на медиумите во Југоисточна Европа. Истата во pdf формат можете да ја преземете на следниов линк (MSI-2004-Macedonia.pdf)
Студијата покажува дека од 2001 година па до лани, забележени се позитивни демократски промени во државите кои се предмет на анализа, но и штетни резултати од автоцензура и политички притисоци.
Анализата е правена со средување индексни поени за: Слобода на печатот, професионалност кај новинарите, разноврсност на медиуми, бизнис менаџмент и ефикасност на институциите за поддршка. (А1)
За мене најинтересен податок е вториот параметар – професионални стандарди на новинарството. Македонија е на второ место пред Хрватска а зад Бугарија. Интересно нели?!?