Видео на хартија – корисни совети

Замисли го оксиморонот: видео за весник. Уште подобро звучи ако се разложи буквално англискиот превод: вести + хартија, и сеа ај да те видам стави видео таму. 🙂

Кoлку и да звучи нелогично, едно е буквалното значење друго е практичното. Весниците се префлија/префрлаат онлајн, ама пусто турско името не сакаат да си го сменат, им прилега ова изгледа. Во, новиов, онлајн свет тие станаа multi-media information engines, информациски центри, мултимедијални издавачи и уште многу други работи. Еден дел од овие приказни е и креирање на видео за на сајт. Сеад во минатиот пост имаше токму еден такво видео ставено.

Доколку се погледне во горниот дел, јасно си пишува Washington Post. Шегата на страна, колку и да звучи оксиморонски, весниците денес прават видео стории, мораат, публиката тоа го сака. Но оние големите, паметните, сфаќаат дека видео прилозите на сајт на весник и видо прилзоите за на ТВ не треба да се исти. Медиумот е различен, публиката е различна, или подобро речено различно се однесува кога е пред компјутер. (замисли гледаш еуро2008 на тв и десен клик во нов екран у позадина ти се отвара новата реклам на nike :).

За оние кои се решени да прават видео онлјан (а ги има и кај нас 🙂 тимот на The Digital Journalist подготвиле неколку совети: How Not To Do Newspaper Video. Еве дел од нив:

– Remember that newspaper videos are different from television
– Videos for the Web are generally shot and edited by the same person
– Making videos is complicated and requires time for quality material
…поопширно

Via

1 Comment Видео на хартија – корисни совети

  1. Pingback: Нетпрес започна да објавува видео содржини | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.