Кога Грујо стана Лери, Сергеј,
Ерик и Марк заедно

Не знам што паметно да напишам… постов е само  обид за ракција на законот кој вчера беше изгласан во нашето Собрание. Закон за кој само малкумина се потрудија да продискутираат нешто пред да се донесе. Закон за кој ниту опозицијата а особено не власта не беа доволно гласни во соите јавни произнесувања. И како што обично бива кај нас дискусијата ќе се отвори откако истиот веќе е донесен а откако ќе бидат потрошени предвидените пари ќе се разгледува можноста и да се повлеќе законот, бидејќи нели, се коси со уставот на нашата земја.

За она што не очекуваше прв пат слушнав Дамјан: Што е lawful intercept и како сите нас ќе не боли. Искерно се надевав дека нама да дојде тој ден кога ова ќе стане реалност.

Законот ги обврзува операторите да му обезбедат на МВР да може во било кој момент да ја прислушува целата комуникација која ја прави некој корисник. Тоа значи дека во еден момент МВР одлучува да следи некој човек, и од тогаш копија на сите податоци, сите четувања, отварања на web страни, разговори, пристапи до facebook, google, youtube, porntube и сл. во реално време додека се случуваат, ќе бидат пратени (и најверојатно складирани) некаде во полиција. Притоа прислушувањето ќе се одвива без знаење на корисникот (нормално), но нити знаење и контрола на операторот. За таа цел МВР инсталира специјална опрема кај операторот која му дава целосна слобода да прави што сака.

Сепак ете…. јас денес преку FB од BoingBoing.net дознав дека законот е изгласан. Macedonia introduces universal, deep telco/Internet wiretapping; hardly any MPs bother to vote

Приклучете се на каузата преку која веќе неколку недели се вложуваат напори да се сврти вниманието кон оваа тема. Дополнително еве уште некој корисен текст на темава:

Амандман 1984 на Уставот на Република Македонија
Повик за заштита на приватноста на граѓаните во Република Македонија
#privatnost на Twitter
Кратка анализа… на Хелсиншки комитет (doc)

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

10 Comments Кога Грујо стана Лери, Сергеј,
Ерик и Марк заедно

  1. Anonymous 17/06/2010 at 18:25

    Ќе слушнеме кога ќе лупне законов на Уставен. Политичарска работа…

  2. Александар 17/06/2010 at 22:12

    Значи големи борци сте за приватност. И тука на сајтов има линк `сподели на фејсбук` а што е потрагично и на Метаморфозис прокламацијата доле на крајот вели `…како и над 240 поддржувачи на каузата на Фејсбук` -> http://www.metamorphosis.org.mk/aktivnosti/povik-

    Борците за приватност и заштита на личните податоци се собираат на Фејзбук. Комедија!

    Сепак неможеме да очекуваме ништо повеќе од багра само-прогласени и од никаде признаени `експерти`. Ако секне мизерното финансирањето од невладиниот (повеќе анти-владиниот сега , и про-владиниот кога се СДСМ) ФОСИМ нема да преживеат месец дена бидејќи немаат и немале ниту еден feasable проект.

  3. Pingback: Tweets that mention Кога Грујо стана Лери, Сергеј, Ерик и Марк заедно | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

  4. дамјан 17/06/2010 at 23:24

    @Александар

    критика на место … но тоа не ja намалува сериозноста на проблемот со законот.

  5. Darko Buldioski 18/06/2010 at 00:32

    @aleksandar каде и како ти се противиш на законов?

    Благодарам за етикетирањето…. ама прочитај го убаво постот, разгледај наоколу кој што има сработено во животот па после дојди повторно да коментираш….

    Патем прочитај некој ред и на http://exchange.causes.com/about/ за да видиш кој и зошто го направил тој сервис, и дека не стои FB зад него.

    @gdamajn кога би постоела чиста граѓанска инцијатава со задовоство ќе и се приклучам. Ако нешто мрзам, тоа е политика. Знаеш луѓе кои ме знаат, можеш слободно да прашаш.

    Да си ја повторам првата реченица во постот: Не знам што паметно да напишам… постов е само обид за ракција на законот кој вчера беше изгласан во нашето Собрание.

  6. Igor Trajkovski 18/06/2010 at 03:48

    @aleksandar , a ti pa sto napravi vo vrska so zakonot ? a vo vrska so toa koj sto napravil, so samoto toa sto si doshol tuka (na sajtov) i komentiras, se gleda koj sto napravil.

  7. Anonymous 18/06/2010 at 09:07

    Знаев!

    Само се прашував кога ќе се појави некој „дежурен“ од jugend-агенцијата на бмро. За разлика од ним толку омрзнатиот невладин сектор, тие се потполно владин сектор.

    Не се секирајте, тоа се млади индоктринирани војничиња, идни „присутни“ на партиски собири, тепачи на неистомисленици и ловци на „предавници“, кои се условени да реагираат на некои клучни зборови: Б.Ц., Сорос, итн…

    Ќе ги препознаете по вакви троловски однесувања по македонските сајтови и по црните кошулчиња. Само уште „упртачи“ им недостасуваат.

  8. Darko Buldioski 18/06/2010 at 09:26

    Благодарам за коментарите и за подршката, но искрено ве замолувам да не ја тераме дискусијава на таа воденица….. со постот не ми беше целта да се обидам некого да навредувам или издвоено напаѓам.

    Ставам провокативни наслови за да кликаат луѓе 🙂 и притоа се обидувам да бидам колку што може човек да биде објективен.

  9. shaban 18/06/2010 at 14:03

    Policiska Drzavaaa

  10. Петар 02/09/2010 at 00:48

    Александар Филиповски е ноторен неписмен дебил кој својата неспособност и необразованост сака (иако во тоа не успева) да ја скрие со патолошка агресија. Бескорисно губењето на време со вакви антропогени облици.

Comments are closed.