Стигна лето, граници ни се отворија, продолжен викенд и така редоследот кој да пишува #ПрегледВоПеток малку ни се измести, ама сè со цел колегите патници кои беа на ред за пишување да имаат добар и опуштен провод на пат :). А сега, продолжуваме со новостите од претходнава недела.
Messenger со 3 нови функции
Малце поубав, полесен за користење и пофункционален Messenger имаме по новиот апдејт. Нови позадински теми, брз начин за одговор на медиа фајлови и нов начин на користење на Facebook Pay со QR кодови и линкови за плаќање при трансфер на пари (само за корисниците од САД).
Прочитај повеќе на: New Chat Themes and More, Now on Messenger
Google се интегрираше со WooCommerce
Ова значи дека сите 4,4 милиони трговци на WooCommerce имаат можност лесно да го интегрираат својот инвентар на производи низ Google со само неколку кликови, и тоа бесплатно.
Со над 1 милијарда шопинг сесии дневно низ Google, оваа интеграција ќе им помогне на трговците полесно да стигнат до купувачите кои се желни да откријат нови брендови.
Ако те интересира повеќе, обавезно прочитај го следниот текст: Google Launches New Integration with WooCommerce to Streamline eCommerce Listings
Amazon.com официјално достапен во БИХ
Босна и Херцеговина стана полноправен член на Amazon семејството, што значи интернет шопингхоличарите ќе можат легално да купуваат а оние кои на оваа можност гледаат од бизнис перспектива ќе можат легално да продаваат одредени производи на Amazon.com.
Нашиот драг пријател Недим Шабиќ, консултант за дигитален маркетинг со долгогодишно искуство во работа за најголемите светски компании, за ова вели:
Ова е одлична вест за секој пазар, бидејќи опсегот на Амазон е многу широк, па така конечно ќе станат достапни производи кои воопшто ги нема во БиХ. Појавата на Амазон секако ќе ги подигне стандардите за домашните веб-продавници, и во однос на квалитетот на стоките и цените, но веројатно најинтересната промена ќе биде кога Амазон ќе ја вклучи и својата испорака во понудата и ќе доставува производи за 24 часа. Сето ова заедно сигурно ќе ја зголеми свеста за интернет трговијата и ќе ја направи исклучително популарна, за што одамна беше време во БиХ.
Влегувањето на толку голема компанија на веб-пазарот во БиХ дефинитивно ќе предизвика вистинска дигитална револуција, а јас можам само да кажам ај па и на наша глава!
Спонзорите на EURO2020 во паника
Фудбалерите на Euro2020 изгледа како да се натпреваруваат кој повеќе штета ќе нанесе на спонзорите на овој настан. По потегот на Роналдо кога ги тргна шишињата Coca-Cola од масата на прес, сега Погба имаше нешто против Heineken и реши да го отстрани шишето од видик.
Иако изгледа како наивна промоција на здрав живот, сепак други игри се во позадина на ваквите потези.
Ако потегот на Роналдо ги чинеше Coca-Cola пад од 4 милијарди евра на светската берза, имате пргноза колку Погба ќе ги чини Heineken?
Едно е сигурно, еден потег на фудбалер на прес, или пак еден твит на Елон Маск, веќе имаат моќ да управуваат со стабилноста на берзите. Значи, само еднаш треба…
Бонус линкови
- If You Thought Working From Home Was Messy, Here Comes Hybrid Work
- Amazon blames social media for struggle with fake reviews
- Facebook Adds a Range of New Group Admin Tools, Including an Updated Dashboard and ‘Conflict Alerts’
- Take a look at the original World Wide Web source code being auctioned off as an NFT
Поздрав до сите освен до оние што ќе уживаат на плажа викендов – јер љубоморна 🙂