Кафето во рака и #ПрегледВоПеток.
Facebook и Трамп во кавга
Кога вашата реклама е одбиена од Facebook поради било која причина, никој за тоа нит чуе нит разбере. Но ако сте Трамп и ви одбијат реклама на една од најголемите социјални мрежи во светот, тоа значи само едно – Марк ви го има фрлено окцето.
Имено, Трамп во комуникацијата на соушал за новата кампања за престојните избори, користи симбол на превртен триаголник. Трамп со ваквата кампања ги ословува припадниците на Антифа групата како терористи и екстремисти под изговор дека самите тие го користат тој симбол во своите протести. Арно ама, овој симбол е исто така користен и од страна на нацистите кога своите политички неистомисленици ги протерувале во концентрациони логори. Овде стапува на сцена една од најголемите непрофитни организации на евреите во САД со силно осудување и кревање галама. Овие другите пак – трампистите велат “Зошто не осудувате за користење на симбол кога вие имате исто такво емоџи?“
Се навлековте на приказната, така?
Facebook, Google и Twitter во борба со лажните вести за коронавирусот
2020 е и да, сѐ уште се бориме против лажните вести…ЕУ реши овојпат во борбата да ги вклучи и големите играчи Facebook, Google и Twitter.
Некако на сите ни дојде преку глава неизвесноста и нетрпеливоста околу целата ситуација, но силните влијанија на антиваксерските групи што делуваат на интернетот, опасно ја загрижува ЕУ во процесот на создавање вакцина против Ковид-19.
Како акција за превенција од ширење на невистини и дезинформации, ЕУ ги исконтактира најголемите имиња на интернетот со барање за извештаи поврзани со ваквата акција. Што ќе значи ова за иднината на огласувањето и какви ќе бидат новите правила што со сигурнист ќе се воведат ќе видиме…
Busines Inbox на Messenger
Бизнис пејџ администратори држете се, ова е една од поубавите вести поврзана за вас.
Коронавирусот донесе промени во сите сфери, дури и во работи за кои сѐ уште не сте свесни. Многу од бизнисите во светот од офлајн се префрлија онлајн, а оние што веќе практикуваа e-commerce не можеа да кренат глава од лава на заинтересирани купувачи. Инбоксот на Facebook бизнис страниците од 3 пораки на ден се наполни со минимум 30 и сето ова стана исклучително тешко за менаџирање. Од друга страна пак, корисниците станаа сѐ понетрпелливи да добијат одговор што побрзо.
Facebook најде решение како да им помогне и на двете страни. Добрата комуникација помеѓу бизнисот и корисникот носи продажба, продажбата носи пари а тоа секако е во интерес на Facebook.
Business inbox е сандаче кое ќе биде интегрирано во класичната месенџер апликација. Од едно место ќе може да се работи и да се комуницира приватно. Засега е пуштен само за iOS, но се очекува брзо да биде достапен и за Android.
Едвај чекам да видам како сето ова ќе функционира.
Undress to impress
Супер кул истражување што го отсликува феноменот на креирање на однесувањето на креаторите на содржина.
Дали Instagram приоретизира содржина што покажува голотија?
За целта на ова истражување, European Data Journalism Network and AlgorithmWatch ангажираат 26 волонтери кои инсталираат add-on во својот пребарувач, да заследат група на професионални креатори на содржина (храна, патување, мода, лајфстајл). Колкави се процентите на прикажување на содржина објавена од креаторите што содржи голотија во споредба со останатите објави ќе ве зачуди.
Not cool Instagram, not cool…
Регистрирај се за Search Marketing Expo – бесплатен вебинар
Биди дел од бесплатен вебинар посветен на еволуцијата на локалниот search, новостите во Google алгоритмот и како да привлечеш повеќе сообраќај, leads и продажби. Учи од сениор маркетери кои се дел од T-Mobile, Procter & Gamble, Microsoft и многу други.
You’re welcome 🙂
Бонус линкови
- Kako su Humanu detalji, humor i mrva golotinje donijeli Webby nagradu za vlastiti web?
- Snapchat redesigns its app with new action bar
- Iconic brand guidelines and logo manuals from 60s, 70s and 80s
- 2020 Logo Trend Report
- The Need for Speed, 23 Years Later
Се читаме пак. 🙂 Бај.