<дополнување #1: АГЕНДА >
Трета година по ред 30 јуни ширум светот се одбележува како светски Social Media Day. По иницијатива и организација на блогот Mashable и неговата огромна заедница на корисници во повеќе од 460 градови на сите континенти ќе бидат организирани настани од различни типови и големини.
Оваа година за прв пат решивме овој ден да го одбележиме и во Македонија. Размислувавме и минатата година, но ете сплет на околности и ништо не се организираше. Затоа оваа година од прва одиме со храбра акција за која ќе ни треба многу помош односно активно учество.
Без грижа, не бараме многу, само желба за дружба и размена на искуства. Во сабота, на 30 јуни едно комбе полно со „зависници” од социјални медиуми ќе се упати во три града низ Македонија каде заедно со локалната заедница ќе се дружат и споделуваат знаења. Заради технички причини моравме учесниците на ова „роуд шоу” да ги договориме однапред. Еве ги оние кои ќе бидат задолжени да привлечат што е можно повеќе луѓе да се појават на средбите во градовите: Ива Дујак (@notsocialmedia), Андреј Шевченко (@cchevymk), Сеад Џигал (@sead93), Василка Димитровска (@arheoblog), Мартин Димовски (@lacialec), Виктор Стојановски (@zuberot), Јована Тозија (@jovanatozija) и Иван Димоски (@MedoDimoski) и како организација јас (@darko156) и Наталија (@natalija).
Секако доколку некој друг сака да ни се приклучи нема да се лутиме, напротив. За ден два ќе ја објавиме деталната агенда која сигурно ќе ги вклучува следниве градови: Прилеп, Куманово, Тетово и за крај Скопје. Од старт сакаме да се заблагодариме на @olivermk, @commieMK и @ssanja4 за локална поддршка. И на крај голема благодарност за @DzaBest кои се погрижија овој караван воопшто да се организира и обезбедија превоз и мали изненадувања за сите кои ќе учествуваат.
Очекувајте детали за локации и точен временски распоред во следните неколку дена.
Твитер тагови: #smday #smdaymk
А Битола? 🙁
Odlicna inicijativa, steta sho Bitola ne e vklucen.
Никола, Бојан фала за коментарите. Долго размислувавме да ја вклучиме и Битола. Секако тамуима луѓе кои би сакале да ги запознаеме и со кои сакаме да се дружиме, но за жал во подготвителниов период не успеавме да најдеме соодветен човек кој ќе преземе иницијатива за локалена поддршка.
Прилеп и не е така далеку, знам дека не е исто, ама за овој пат ќе ве замолам да направите отстапка и да дојдете да се дружиме во Прилеп, па здравје во некоја следна прилика и во Битола.
Дарко,
Штета што не ме контактиравте, ќе организиравме нешто во Битола. Баш ми е жал што не сум „соодветен човек“ за ова 🙂
Поздрав
Дечки и девојки од Битола, добредојдени сте во Прилеп на заедничко дружење. Па нареден пат ние ќе дојдеме кај вас 🙂
@игор моја грешка, искомуницирав со неколку луѓе и во меѓувреме се потврдија и тетово и куманово а прилеп ми беше прв потврден. Ајде не е далеку Прилеп, ќе се дружиме таму сега а во некоја следна прилика (се надевам поскоро) ќе се видиме и во Битола.
Pingback: Археоблог дел од Караванот низ Македонија за Social Media Day 2012
Pingback: Археолошки дневник vol.3 » Археоблог дел од Караванот низ Македонија за Social Media Day 2012