Одмана не сум пренел информација за настан, а за воља на вистината ги има се повеќе во Македонија. Секако тоа е убава работа и треба сите да се грижиме тие вродат со максимален ефект. Па во тој дуг ќе споделам една најава за анстан која пред кратко време ја добив на меил. Доаѓа од МИМ односно ниванта Виска школа за новинарство и односи со јавност, еве интегрален извадок од поканата:
Медиумите, особено оние кои објавуваат информативни содржини, имаат централна улога во отсликувањето и негувањето на културната разновидност на македонското општество. Тие влијаат врз формирањето на ставовите и уверувањата на индивидуите и врз нивните перцепции за другите општествени групи и културни заедници. Образованието за новинари во својата суштина е образование за демократијата, граѓанската партиципација, слободата на изразување и другите човекови права, вклучувајќи го и правото да се биде различен.
Новите дигитални технологии, интернетот и брзите промени во општеството ги менуваат и условите во кои работат новинарите барајќи од нив да поседуваат различни способности, вештини и идеи. Во исто време, новинарите се уште се изложени на различни политички и економски притисоци, што континуирано ја наметнуваат потребата од дебата за професионалните стандарди и етичките вредности.
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Канцеларијата на УНЕСКО од Венеција, Ве поканува на конференцијата „Образованието за новинари, професионалните вредности и културната разновидност“, што ќе се одржи на 28.06.2011 (вторник) од 10:00 – 15:00 часот, во Холидеј Ин, Скопје.
…На конференцијата учесниците ќе имаат можност да дискутираат за компетенциите и вредностите во новинарската професија во Македонија и во другите европски земји. Покрај тоа, ќе се претстават клучните наоди од истражувањето на актуелната состојба во поглед на известувањето за различностите во медиумските редакции, како и резултатите од Европскиот проект за профилирање на компeтенциите на новинарите, реализиран од Европската асоцијација за новинарско образование (EJTA).
Ве молиме вашето учество на конференцијата да го потврдите најдоцна до понеделник, 27 јуни, 12:00 часот на тел. 02/3090 004 или на Е-маил: lsaban@vs.edu.mk. Контакт лице: Лејла Шабан.
Јас планирам да одам, па здравје ќе споделам делови од дискусијата, дали тука дали на твитер, ќе видиме 🙂