#комкаст 13 – Startup Weekend Skopje

Во оваа епизода, како што најавивме зборуваме со Наташа од ПСМ Фондација за претстојниот, прв во Македонија и потесниов регион Startup Weekend. Наташа ни ги објасни правилата и агендата по која овој викенд ќе се одржи овој настан, но и сподели неколку интересни работи за реакциите на потенцијалните и потврдените учесници.

Ветивме дека ќе направиме уште една епизода по настанот за да може да искоментираме малку и од друг агол. Во секој случај: петок 24 старт 18 часот. 54 часа забава, работа, дружење и натпревар.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.