Два индикативни настани за состојбите во медиумите и новинарството беа забележани оваа недела: случајот со кичевскиот новинар осомничен убиец и интервјуто на мандатарот за МИА. Во нив сиот сјај и беда на новинарските состојби. Од една страна новинарите се жалат дека се жртви на политички притисоци, шпекулации и инсинуации, а од друга страна самите постапија токму така, шпекулативно, инсинуирачки, неаргументирано. Во медиумскиот дел, работата ми ја олесни овој пост од МК блогосферата:
Веднаш по(сле) настанот во сите релевантни печатени и електронски медиуми осамнаа сензационалистички наслови од типот:
- Новинарот сериски убиец си пресуди сам (Макфакс)
- Серискиот убиец си пресудил во затворот во Тетово (Дневник)
- Кичевскиот убиец се самоуби (А1 ТВ)
- МВР го потврди самоубиството на Кичевскиот сериски убиец (Сител ТВ)
Чекајте малку, па дали е ред новинари да бидат и судија и порота и егзекутор (у) исто време?? Каде е професионалноста, неутралноста и етиката во известувањето?! Па тој воопшто не дочека никакво судење. Кога ваков начин на известување би имало на нечиј приватен блог- ајде ОК некако, ама тука зборуваме за сериозни етаблирани медиуми и opinion maker-и. (ВББ блог).
Во меѓувреме и Новица пиша на оваа тема: „Тешката задача на медиумите“
Значи џабе, обуки, совети, добронамерни критики, апели, и сите останати слични салтанати. Така како што политичарите си дозволуваат од позиции на нивната општествена моќ да ја сервираат „правдата“ и „вистината“, така и новинарите упорно и сурово ја применуваат својата „стратегија“ на нарушување на презумпцијата на невиност, и приватноста на луѓето.
Постои тесна корелација на политичките субјекти и новинарите во ваков тип обраќања до јавноста и нивното „киднапирано“ право да ја соопштуваат вистината (речиси како орвеловското Министерство за вистина). Ако фино се анализира, се почестите случаи на сервирање на вистината и правдата во инстантна форма, без разлика дали доаѓаат од некој портпарол или новинар немаат некоја битна разлика, се работи за иста грешка, пречекорување на својата улога и право, форсирање на своите „аргументи“ и нарушување на процесот на докажување на вина или невиност.
Конкретниот случај и самиот хорор кој стои зад неа е сосема друго ниво, но ордата на новинарската легија на правдата, како копирана слика на обраќањето на центрите на државна моќ, да не му посакаш на најцрниот непријател да ја почувствува на своја кожа.
Се чини, скоро истовремено:
http://www.softver.org.mk/novica/01214323841
Јас така малку по-блиц. 😉