Social Media Day, 30 јуни, Велес

ПРОГРАМА: Social Media Day Macedonia [дополнето]

Кој фатил, кој пропуштил, да ве потсетиме пак дека на 30ти јуни ќе си го прославиме Social Media Day по втор пат во Македонија. Е ова е втора најава со повеќе детали.

SocialmediadayMK_Veles

Минатиот пат си гласавте/гласавме, во кој град ќе се збереме и ќе се дружиме. И резултатите излегоа вака некако:

 

Значи одиме во Велес.

Прво и најважно, сите кои ќе дојдат дојдат веднаш да ја пополнат формата за пријава:

Логистички треба вака да изгледа некако:

10:30 часот – Поаѓање од Скопје (пред Колосеум, железничка)
ЏаБест повторно нѝ е пријател на настанот и обезбедува превоз од Скопје до Велес. Превозот ќе биде обезбеден по принципот “first-come, first-served”, па така трк одма да ја пополните формата горе. Сите пријавени за кои ќе биде во можност да обезбеди превоз, ќе ги контактираме најдоцна до петок попладне.

12:00 часот – средба во “Мотел”, Велес (на Велешко Езеро, одма до Хотел Романтик). Значи тоа ни е збирно место со сите оние кои ќе си дојдат од другите градови или со свој превоз.

motel-velesko-smd

За понатамошниот тек на настаните не подлежиме на правна и морална одговорност #хехе. Ветуваме дека ќе има многу смеа, дружба, муабети, фалење, тролање, и по некоја љубов. Исто така се надеваме дека голем дел од вас ќе се пријават да споделат некое лично искуство и приказна со Твитер, ФБ, Инстаграм, Пинтерест, Вајн, Тамблер, итн итн…

Во теков на неделaва ќе објавиме повеќе детали за самата програма, луѓето и темите на кои ќе се зборува.

Значи, пополни ја формата, подготви се да ставиш вистински насмевки на аватарите кои те опкружуваат секој ден подготви ја твојата насмевка и се гледаме на Social Media Day во Велес.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.