Додека воделе љубов на отворено ги удрил гром, три пати во три години

На 20 и 21 јуни, редица домашни портали информираа за бизарен случај каде „две лица од Белград се повредени кога во нив удрил гром додека воделе љубов под жална врба на белградска Ада Циганлија“.

Според порталите, до несреќата дошло кога Белград го зафатило големо невреме, а Итната помош ги однела во болница со опекотини. По укажаната помош, Б.З. (33) бил пуштен дома, додека М.М. (36) била задржана на лекување. Лекарите потврдиле дека повредената е сместена на интензивна нега, но не била во животна опаснст.

Но, приказната не завршува овде. Подоцна во болнцата се случил скандал!

„Во болницата дошол млад господин и се распрашувал за здравствената состојба на повредената Мирјана. Од персоналот на болницата му кажале на кое одделение е, но и го замолиле да ја преземе нејзината гардероба. Но, меѓу женската облека нашол и машка. Кога му рекле дека тие работи му припаѓаат на мажот на Мирјана, тој извикал: „Па, јас сум нејзиниот маж“. Тогаш разбрал дека неговата сопруга за време на несреќата водела љубов со колега од работа“ (Сител, 20.6.2019).

Оваа несекојдневна вест ја пренесоа над десеттина медиуми од Македонија, а потоа беше нашироко коментирана на социјалните мрежи.

Но ни ова не е сè, што би рекле на телешопинг програмите. Нашите драги новинари пропуштиле можност малку да прогуглаат и да разберат дека овој пар, истите две лица, љубовници, биле толку малерозни што ова им се случило дури ТРИ пати во ТРИ години! Три пати да те погодува гром и пак да не се откажеш од некого, навистина е љубов и страст за почит.

Истиот пар на исто место ги удрил гром и минатата година.

Истиот пар на исто место (wow) ги удрил гром и во 2016 година:

Навистина неверојатна приказна! Останува овој пар по трите удари на гром добро да се замисли каде наредниот пат ќе води љубов.