140 #ПрегледВоПеток – Win 11, Instagram Algorithms, B2B правила

Не знам дали си знаел/а ама линковите за прегледов ги собираме во текот на целата недела на посебен канал на Slack, сите колеги. Може мене ми се причинува, а може и да е заради топлово… ама штом дојде ред јас да пишувам #ПрегледВоПеток, па макар и одложен… линкови во каналот има многу малку… Ајде лето е, некои колеги се веќе на одмори… ќе им простам, ама ќе внимавам во иднина да видам да не е ова тренд со кој ме местат…. Како и да е… линкови не може да снема, одиме со прегледот за оваа недела…

Microsoft Windows 11

Во неделата кога јас се сторив со нов M1, MS ја пушти новата верзија на својот оперативен систем. Некако како да омекнав и јас и почнав да имам повеќе почит кон Windows… се менува човек со годините… тоа е. Како и да е… ми прелетуваа наслови еден куп.. ама не кликнав на ниту еден… видов дека ќе е бесплатен за надградба, дека има некоја унапредена визуелна естетика итн. Не смееме да го испуштиме како важен настан оваа недела… Еве читајте: Microsoft announces Windows 11, with a new design, Start menu, and more

Претплатниците на NYT може да ти подарат статија

Не звучи лошо ова за сите нас кои се откажавме или воопшто не сме имале претплата на NYT, а добро е и за да не им е незгодно на оние опседнатите со овој медиум кога нон стоп споделуваат линикови по четови од таму, а другите не може да ги видат… Мите, на тебе мислам 😀

Убаво смислен концепт, не звучи дека е направен само за да те намами за да станеш нов претплатник туку има и реална употребна вредност. Деталите тука: The New York Times now allows subscribers to “gift” articles to non-subscribers

Нови правлила за B2B?

Нашиот дежурен извор на инфо за B2B, Данчо, пред некој ден сподели интересен напис, кој иако има бомбастичен наслов, не разочарува и не е празен текст кој има за цел само да измами клик. Сега, кога старата, нова нормала е на повидок, време е да се преслушаме, да видиме што ќе остане како до сега, што ќе се врати како што било…

Face-to-face meetings are back, but is that what clients are looking for? Companies need to update their lead generation strategies to make them more data-driven and more in line with what potential clients’ preferences. To adapt, companies should follow a new B2B sales playbook: 1) build the right team for the job, 2) create simplified content that articulates the firm’s industry offerings, 3) push the content to market, 4) have teams share relevant leads with sales, and 5) measure outcomes at multiple levels.The New Rules of B2B Lead Generation

Како работи алгоритмот на Instagram?

Ах… само едно од прашањата кои ги измачуваат дигиталните маркетери со години… Уште еден тизер, уште едно појаснување, демек за да може да работиме подобро. Самиот Instagram во рамките на нивниот настан Creators Week, во неколку ситуации открива детали за начинот на кој работи или поточно речено работат неговите алгоритми.

Мене повторно ми се чини дека е вртење округло па на ќош, ама еве прочитајте сами, може и ќе фатите некој детал кој ќе ве подучи како да ја подобрите вашата Instagram тактика за во иднина: Instagram Provides a New Overview of How Its Algorithms Work

80% од хрватските веб продавници погрешно се огласуваат на Facebook

До овој заклучок стигнале eCommerce Хрватска и HERO Factory преку анкета спроведена на нивниот пазар. Ситуациите кои ги мотивирале да ја направат анкетата ни се мнооооогу познати, за жал. Анкетата е спроведена на 54 трговци и опфаќа прашања не само во доменот на огласување на Facebook туку и Google, Analytics и сл. Нема да прераскажувам, веќе ви е јасно дека прегледов го кратам за да не биде предолг, и да кликаш повеќе… епа кликај: Oglašavanje web trgovina putem interneta – većina trgovaca samostalno radi Facebook oglase, no čak 80 % njih to radi krivo

Бонус линкови

Топол поздрав од мене, се читаме следниот преглед.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.