Охридеа е годишен настан за претставници од сите ограноци на NewMoment, кој се одржув во Охрид и има за цел да поттикне креативно размислување, едукација, да додели по некоја награда и пред се да овозможи многу забава.
Не, не ме платија да ги рекламирам :), туку ова го најдов на полуофцијалниот блог посветен на овој настан. Ми се допадна енергијата за која во една прилика една пријателка ми раскажуваше. И, малку од тоа навистина и пред настанов може да се насети на блогот.
Патем, настанов започнува утре, од затворен тип е, но сепак може да се зирне малку во агендата, ја ставиле онлај 🙂
Нормално, не е изненадување фактот дека една агенција за комуникации, маркетинг, пр итн. дури и во интерните агенди не штеди на креативност. Лично ми се бендиса делот со фудбалот.
Day 4: Sunday, June 29
20:45 New Moment Team Spirit: EURO 2008
Гледам таму и некоја точка New Moment online, не знам што подразбира ова, ама јас сум оптимист кога станува збор за зголемувањето на промотивните активности во онлај светот. Ајде ќе чекаме да видиме дали ќе објават нешто на блогов за време на настанов и по него.