Минатата недела бевме на Spark.me, конференција која по втор пат (под ова име) се организира во Бечичи (Будва) на Црногорското приморје. Ова е прв од најмалку 3 поста инспирирани од оваа конференција. Па да тргнам со ред… еве зошто мене ми се допадна конференцијата оваа година:
1. Затоа што тимот кој стои зад настанов е тим од соништата, и ни се другари и сега им се другари на сите кои беа на конференцијата.
2. Затоа што зад настанот стои doMEn
3. Затоа што на оваа конференција Tony Conrad лично ќе ти направи профил на About.me
4. Заради една „vruča tačka” која ни даваше интернет кога најмногу ни треба
5. Затоа што после журката имаше и ноќно бањање
6. Затоа што имаше супер стартапи и победи најдобриот
7. Затоа што гиковите од регионот се таму
8. Затоа што сите спикери беа ептен достапни цело време па дури и на крстерењето со брод
9. Заради Pitch What? картите кои ги ќарив на стартап школата
10. Заради брилијантната презентација на Heather (ќе споделам видео кога ќе има).
Бонус: и затоа што следната година ќе одиме пак!
Фотки:
1, 2, 5, 6 10 – Игор Милиќ (Spark.me)
4 – Фарук Ковач
7 – Иван Брезак Бркан
8 – Никола Јовановиќ
Имам јас фотки, ама ги чувам за „црни дани” 🙂