
Првичната реакција по објавувањето на планот за караванот беше одлична. Баш не израдува тоа и не мотивираше да му се посветиме на настанов максимално што можеме. Затоа еве ја со време агендата на движење на 30 јуни сабота.
– 09.00 Тргнување од Скопје (место на поаѓање Железничка станица)
– 12.00 Прилеп – Клуб Калипсо (старо Габијано) (FB настан, Meetup)
– 16.00 Тетово – Кафе Амнезија (FB настан, Meetup)
– 19.00 Куманово – Ирски Паб (FB настан, Meetup)
– 21.00 Скопје – Кафе бар Форца (FB настан, Meetup)
Од Скопје сигурно ќе тргнеме со едно комбе и една кола, околу 12 луѓе. Но, доколку некој сака да ни се придружи, дали на цел пат или само на дел секако дека е добредојден. Следете ги дискусиите на FB настаните и на #smdaymk и планирајте ја вашата рута. Еве ја нашата.
Се гледаме во сабота!
Саатница има – ДАТА нема! Ало!!!!? Јас знам кога е ама за тие што не знаат 🙂
Дарко, за локални да не се спремате? :))))
Pingback: Археоблог дел од Караванот низ Македонија за Social Media Day 2012
Pingback: Археолошки дневник vol.3 » Археоблог дел од Караванот низ Македонија за Social Media Day 2012