90 #ПрегледВоПеток

Среќна 90ка! Пишувам преглед предроденденски, да се запомни! Пред да почнам со овој преглед, сакам да споделам еден статус кој го пронајдов на ФБ, да ми го разберете моменталното расположение:

“Почна изборната кампања. Ова ли е тоа што го викате “ретрограден Меркур”? ” – И.Ц.

Ќе затнам уши и ќе уживам во пишување на текстов! Voila!

Инстаграм го копира ТикТок?

Минатата година Instagram ја лансираше својата нова апликација Reels во Бразил, сега веќе достапна и во Франција и Германија. Апликацијата е слична на TikTok, односно служи за креирање видеа од 15 секунди, и има опции за едитирање.

Првата замисла за оваа апликација била само да се креираат видеа, односно како алатка за едитирање на видеа кои ќе се прикачуваат на Story или feed… но, сепак решиле дека сакаат да бидат во конкуренција со TikTok. Ништо ново за компанијата на Facebook.

Дали ќе им успее како што им успеа Snapchat да го урнат со Stories? Stay tuned.

Тиктокери со генијална идеја против Трамп

Не сакам прегледов да биде политички, но тајмингот е тој. Дефинитивно не можев да го пропуштам ова (генијално) случување за време на предизборните кампањи. Приказната почнува вака…

Си бил еднаш еден Тиктокер и дошол до идеја да направи онлајн регистрација за бесплатна влезница на митингот на Трамп во Тулса, а воедно да не присуствува. Ситуацијата се разврзала кога тој, истиот тиктокер, го споделил тоа со своите следачи, па и тие го направиле истото. На врв на се, им се приклучиле и фановите на К-Pop движењето.

Наместо 19.000 присутни на настанот, потврдени биле само 6.200.
Г Е Н И Ј А Л Н О!

Големите компании го бојкотираат Facebook

The North Face прв го бојкотираше Facebook со што ги стопираше сите буџети за реклами на Facebook и Instagram. Tие велат дека се против нарушување на човековите права и ширење на говор на омраза кој се случува на овие платформи. Најголем поттик да го направат тоа беше убиството на Џорџ Флојд.

На оваа иницијатива наречена Stop Hate For Profit се приклучија и други гооооооолеми брендови, како Ben&Jerry, Patagonia и REI. Тие велат дека се додека Facebook не донесе конечно решение за говорот на омраза на своите платформи, тие нема да се рекламираат на истите.

Facebook излезе со политички одговор дека работат и се фокусирани на решавање на овој проблем, но исто така велат дека ги почитуваат одлуките на брендовите.

Google со нова алатка – Keen

Уште една алатка од проектот за стартапи на Google, наречен Аrea120. Keen е идеја на маж и жена кои меѓусебно си споделувале содржини кои им се од заеднички интерес, па преку тоа дошле до идеја да направат алатка каде ќе си ги споделуваат содржините кои им се допаѓаат, но додатно истата да им предложува слични на овие.

Експертите велат дека оваа алатка е како Pinterest, но тие се разликуваат по тоа што Кeen користи Google Search и machine learning кои му помагаат при прикажување на содржина која е од интерес.

Тие за својата алатка велат, цитирам:

Ова е проактивна метода за создавање и откривање нови содржини.

Бонус линкови

Don’t freak out! Се гледаме во следен преглед! <3

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.