Локални интернет новитети

Пред некој ден читајќи ги најавите за нови верзии на некој српски сајтови некако ми дојде криво зошто и кај нас не се циркулираат вакви информации.

Секако, јас во моментов не сум вистинскиот човек кој може да се жали на оваа тема, бидејќи вчера ние направивме еден сосем мал настан, за кој не кажавме на многу луѓе, ама еве, сепак овoј пост нема да крие туку напротив, ќе сподели неколку информации.

Во последниве неколку месеци има најави за големи промени во локалниот медиумски свет. Се разбира во предн план се телевизиите, но на моја радост, има некои новини и за онлајн светот. Епа со ред, да споделам она што го знам, ако некој има дополнителни информации, коментарите се отворени 🙂

  • АлфаТВ. Заживеаа, имаат нова програма која после летово ќе биде комплетирана, но она што е поважно е дека се планира и сајт. Нормално не само статичен сајт на ТВ туку нешто подинамично. Колку што знам, платфрмата е во фаза на изработка. Не е WebBuilder-от на NextSense што од сам старт може да биде добра информација. Што всушносто ќе има на сајтот и по која уредувачка политика ќе се полни, допрва ќе треба да видиме.
  • Forum.com.mk logoФорум. По менуваењето на своите газди доживеа некои промени. Го измени темпото на работа на печатенот, неделно издание, но што е уште поважно, (за некого) тие решија да направат нешто повеќе онлајн. И кога има компанија како Seavus позади еден ваков проект, мора добро да се внимава. Добра логистика, програмери и прогресивни идеи. Може некој веќе забележал, тие веќе ставија една развиена Joomla на која веќе почнаа да се вежбаат. Јас лично не би градел еден проект пред очите на јавноста особе не ако е online news сајт, ама тие си знаат најдобро. Здравје, ќе чекаме официјално да соопштат кога ќе може да почнеме да го следиме сајтот.
  • Тотал. Веќе подолго време се зборува дека единствениот бизнис информативен сервис ќе добие посвежа верзија, ама никако да се појави. Искрено, јас мноооу ретко го посетувам токму поради техничката неиспегланост. Би сакал да можам да ставам фид во ридер од таму, или барем без многу проблеми да можам во Firefox да го следам.
  • НоваМакедонија. Уште во првиот број на обновеното издание на Нова Македонија пишуваше дека наскоро ќе гопроменат својот сајт и дека ќе обајвуваат повеќе информации, ама еве поминаа неколку месеци, и уште нема. И тука, ќе остане само да се надеваме.

Хм, вака наредени, па и не изгледаат многу ветувачки. Немав план толку многу надежи да споделам, ама така испадна. Тоа, е, во развојана фаза е секторов, изгледа, ајде да видиме дали таа ќе трае еднакво колу и транзицијата.

1 Comment Локални интернет новитети

  1. Perlengkapan bayi 21/11/2012 at 09:16

    Wow, fantastic blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is excellent, let alone the content!. Thanks For Your article about Локални интернет новитети | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.