Social Media Day Macedonia – Програма

socialmediaday.logoMKДојде ред да ја објавиме и програмата за Social Media Day Macedonia, настанот кој селедува оваа недела на Велешкото Езеро.

10:30 ЧАСОТ – ПОАЃАЊЕ ОД СКОПЈЕ

(пред Колосеум, Железничка)

Чисто информативно, сите места за организираниот превоз се пополнети

– сите оние кои ќе одат со превозот обезбеден од ЏаБест треба да бидат на местото на поаѓање во 10.30. Одговорин лица за контакт за оваа етапа се @natalija и @necovski

12:00 ЧАСОТ – СОБИРАЊЕ ВО “МОТЕЛ НА ВЕЛЕШКО”

(на Велешко Езеро, одма до Хотел Романтик)

– спонтано собирање од сите страни од републиката, закачување имиња/никови и интро-дружба

13.00 ЧАСОТ – ДИСКУСИИ/ПРЕЗЕНТАЦИИ НА ОТВОРЕНА СЦЕНА

  1. Игор Бојаџиев – @i999y – Најдоброто од Твитер, ТвитерПрашалник и ЕкстраПоинт;
  2. Иван Димоски – @MedoDimoski – Точката на пресврт на Социјалните медиуми;
  3. Далибор Стајиќ – @daliboard – Влијанието на социјалните мрежи врз развојот на македонскиот јазик и, воопшто, на јазикот како средство за комуникација;
  4. Ксенија Путилин – Користење на социјални медиуми за мобилизација на волонтери за зачувување на животна средина – со осврт на Citizen Science; се разболе 🙁
  5. Сања Бежовка – @Sanja1109 – Споделувањето на искрени емоции со луѓе кои воопшто не ме познаваат;
  6. Ива Дујак – @NotSoacialMedia – Приказна за почетоци;
  7. Игор Трајковски – @mkrobot – time.mk/twitter најпопуларните твитови во Македонија;
  8. Иван Василески – @ivan_vasileski – Влијанието на социјалните медиуми врз музичките случувања во Македонија;
  9. Зоран Маџовски – @zorangega – Twitter: Воодушевувањето од пронаоѓањето на слични луѓе, по табиет и размислување;
  10. Елена Трајковска – @Solaborate – Solaborate – глобална социјална мрежа, дизајнирана за конектирање, истражување и соработка помеѓу професионалци и компании од полето на технологиите.
  11. Тамара Атанасоска – @Tatanasoska – Колку вреди мојот збор?

15.00 ЧАСОТ – ОПУШТЕНА ДРУЖБА СО ПОЗАДИНСКИ РИТМОВИ ВРТЕНИ ОД DJ @CHASEWORK

Да потсетам уште еднаш, значи недела, Велешко Езеро (види мапа долу), 12 часот. Мора да бидете таму за после да нема плачење сакав да дојдам, не стигнав, не разбрав и сл 🙂

motel-velesko-smd

Се гледаме во недела.

 

1 Comment Social Media Day Macedonia – Програма

  1. Pingback: Краток разговор со Solaborate | This is Not a Social Media Blog

Comments are closed.