Една сторија родена за тој жанр на сајтови требаше на македонски јазик прво да се појави на еден блог (24.6.), па во еден дневен весник (27.6. на насловна), па во друг дневен весник (28.6), за дури по четири дена да заврши и на еден корпорациски „забавен“ „портал“? …повеќе
За Филип ова не е соодветниот пат на една информација, но сепак тоа е реалноста. Традиционалните модели по кои до сега патуваа најголем дел од информациите:


повеќе не се едниствените и не се најчестите модели. Со појавата и развојот на новите медиуми, а особено со граѓаните новинари (citizen journalist) (читај блогови) во медиумскиот еко систем се јавува еден нов модел по кој патува информацијата наречен Emerging Media Ecosystem оригинално претставен од John Hiler, Microcontent News.

Оттаму јас не гледам ништо лошо во оваа ситуација, напротив ме радува што новите медиуми полека но сигурно си ја заземаат својата улога во медиумскиот екосистем и во МК.
Извор на фотографиите: We Media
Многу добар пост и многу добри информации.
Мислам дека одамна помина времето кога се мислеа класичните медиуми дали е обичните луѓе ќе ги креираат вестите.
После цунамито и катрина, јасно е дека ова е реалност.
Поздрав,
Алек