Нема грешка во насловот, намерно е оставен таков, непрецизен. Изминатиов период регионов беше во вонредна состојба. На површина испливаа многу неубави но и многу убави работи. Се разбира, на ум ги имам поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Се изначитавме секакви статуси, анализи коментари и сл. од искрени и емотивни преку патетични до информативни и корисни содржини.
Добрината на човекот се познава во неволја и токму во една таква неволја се покажа дека длабоко во себе сите ние (на Балканот) сме добри и посакуваме добро на другите. Би сакал ова чувство да ни доаѓа на сите нам многу почесто, но за жал не верувам дека тоа ќе се случува баш пречесто.
Да бидам искрен се трудев целата ситуација да не ја следам на дневно ниво туку сакав да бидам од помош колку што можам и да не се оптеретувам себе и пред се околината со непотребни паники, ставови, претпоставки и прогнози.
Од целата ситуација мене ме воодушеви еден дел кој навистина одлично демонстрираше што значи да се биде на интернет и да се биде свесен за потребата да се направи нешто заедно. 250+ луѓе од цела Србија, за кратко време се здружија и го креираа poplave.rs.
160 sati, 30ak sati sna, 50 mladih ljudi na jednom mestu, jos 200 ljudi po celoj Srbiji, zvuči kao žurka, ali nije. Ovo nije tekst kojim želim da nas hvalim, nismo sve ovo radili zbog pohvala i tapšanja po ramenu. Ovo je tekst kojim želim da vam dočaram kako izgleda situacija u kojoj cela država gleda u tebe. A ti ne smeš da pogrešiš. …цел текст
Сајтот стана референтна точка за се што се случуваше во врска со полавите. Таму се креираше мапа, се проследуваа проверени информации, се повикуваа волонтери. Добија поддршка и од официјалните државни органи и од компании во поглед на логистичките потреби и на крај си ја завршија работата одлично.
Секоја чест за нивото на посветеност, за свеноста и за брзината. Немало менаџери, немало претпоставени или строги структури. Имало само една единствена заедничка цел.. да се делува корисно, да се помогне на секој кој има потреба.
Втор дел кој се покажа исто така корисен беше и комуникацијата и барањет/организаирањето на поддршката од целиот свет. Тука мене во фокус ми падна helpserbia.com кој се појави по неколку дена и ја унифицираше пораката која регионот ја испрати до целиот свет.
Немам намера да го возвишувам интернетот за ваквите дела, тој е само платформа за комуникација, основа која овозможува да се случуваат работи, добри и лоши. Но имам намера да истакнам дека секоја технологија си носи убави работи. Секој развој е за добро еднакво колку што е и за лошо или непотребно…
Интернетот како никогаш досега ни дава шанса почесто да се вклучиме во акција каде правиме нешто заедно со други… со луѓе кои не ги познаваме а и немаме ни потреба во дадедниот момент да ги запознаеме. Се што ни е важно е дека има уште еден корисник од другата страна на компјутерот кој има ист цел како и ние. И толку…
Изминатиов период поводот беа поплавите, но секој ден секој од нас е вклучен во некоја акција која има некоја мала или можеби поголема цел. Може тоа да е возење точак или сообраќајна култура или дизајн…
И сега ајде сите прст кон себе и запрашајте се кога на интернет сте направиле нешто заедно? Тролање на последната тапа реклама не се брои…
Pingback: Bloggers Network Кога последен пат сте направиле нешто заедно? - Bloggers Network