Решенија постојат

По имплементацијата на XP Starter Edition во Русија, Индија, Индонезија, Малезја, Тајланд, сега на ред се и земите од Латинска Америка. Оперативен систем за посиромашни. Со помалку содржини, со поедноставна примена и со услови да работи на постари машини – тоа е овој лимитиран производ на Microsoft наменет за почетници.
Зошто и нашава земја да не се избори за некоја вакава промотивна акција. Звучи интересно. Не дека го поддржувам толку многу Microsoft, но важно е дека решенија постојат, само треба да бидеме доволно упорни за да ги најдеме и се разбира да ги спроведеме.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.