This is where our medium is going.
It’s time to get used to it.

San Jose Mercury News го пробиваат ледот. Тие се првите кои се обидуваат да ја променат својата агенда и да дадат одговор на прашањето како ќе изгледаат печатените весници во иднина. Дали нивниот модел ќе биде оној кој ќе ја донесе конечната промена останува да видиме. Сега само можеме да ја анализираме промената која тие ја прават.
Имено уредниците на овој калифорниски весник го менуваат распоредот на содржините. Тие го напуштаат традиционалниот систем на локални, национални и меѓународни вести, и место него воведуваат една единствена рубрика која ја нарекуваат ‘A’ section. На ова тие се одлучиле откако предвид го земале фактот дека секој нивен читател кога ќе го земе весникот во рака веќе претходно е запознаен со топ сториите на денот. Дали е тоа преку ТВ или преку интернетне е важно, фактот останува дека весникот не може да се натпреварува со нивната брзина. Главниот дел во оваа ‘A’ секција го добиваат локалните вести.

What the Merc did was to abolish the whole notion of separate sections for local, national, and world news — come on, separate sections are something you can get on the Internet — and collapsed all those stories into one A section, with oomphed-up emphasis on local news. In fact, it’s not until about halfway through the section that you even see any mention of newsworthy topics like, oh, President Bush, or the turmoil in Middle East. …CJR Daily

What does such a decision, breaking over a century of newspaper tradition, say about where the newspaper industry could theoretically be headed? What about the future of journalism in general?

John Burke од на editorsweblog поставува четири точки како можен одговор на овие прашања. Ќе се обидам да дадам коментари за секоја од овие точки одделно од аспект на нашите дневни весници и стадиумот во кој се наоѓаат тие, но и нашето општество.

1. Immediate news

although a sole news section sounds confusing, Ms. Goldberg does have a point: many readers already know what’s going on in the world by the time they find the morning paper on their doorstep. Why would they want to pay to hear it again with a newspaper subscription? Seeing as newspaper Websites are still divided into sections, The Merc, notably read by the Silicon Valley crowd, may be guiding traditionalists on the digital way essentially saying, “This is where our medium is going. It’s time to get used to it.”

Ние весниците ги добиваме доцна попладне или рано навечер, како сакате. До следниот ден, за кога е и изданието предвидено, најголем ден од главните вести веќе ги дознаваме на еден или друг начин. Ова би значело дека ако моделов успее, а кај нас дотогаш не се промени нешто драстично во овој поглед, теоретски гледано ги исполнуваме условите за промена кон оваа агенда.

2. Changing local journalism

regional newspapers may have to start looking at events outside of their area in a different light. Since most of a paper’s readership will already be aware of major national and international news, “What do these events mean for us,” style journalism may become the regional norm.

Оваа вторава реченица (Since most of a paper’s readership will already be aware of major national and international news) не ми штима за кај нас. На оваа тема колку ние знаеме за случувањата во светот убав осврт има Трендо во неговата скорешна колумна.

3. Citizen journalism

one critique of the format change questions the relevance of local over broader news saying, “What does it say about our society when we’d rather read about a pothole or speeding ticket, then what truly matters in the world today?” Well, even though some of us place wars and poverty above local news, there are always going to be many people who care about what’s going on in their own communities. The Merc might be right in focusing on its region, but how thorough of a job can it even do there? Does it have enough staff to get to every education board meeting, cover every fire, every community event? Chances are, some of these jobs are going to be outsourced to a newspaper’s readers as the citizen journalism movement develops.

За Citizen journalism скоро и да немаме поим. Но за локални стории знаеме, и тоа многу. За жал тие секогаш се наоѓаат во црната хроника, но што е тука е. На ова поле треба напорна работа. Dали има капацитет и желба не знам, но судејќи по претходното дека за светот не знаеме ништо, тогаш логично би било за дома да знаеме ептен. Дали е така оставам секој индивидуално да си донесе заклучок.

4. Growing prominence of news agencies

As newsroom budgets are increasingly squeezed, they will have less resources for correspondents and conversely, their national and international coverage will wane even more. News agencies such as the Agence France Presse and Reuters who have the resources will more than likely become even more important than they are now. “But they only syndicate articles, they don’t publish newspapers,” you may object. Touch?! What about these agencies’ Websites. Let’s take the Associated Press’ recent move to charge newspapers for using its content online as of January as an example. Once a co-op for American newspapers, the AP has gradually grown apart from its founders. Does it seem that CEO Tom Curley’s decision is simply a means of collecting more revenue, or a calculated decision to siphon more traffic to the AP website, eventually transforming it into a completely autonomous news organization? What happens to traditional newsrooms if this is the AP’s plan?

Е за ова сме цареви, т.е. наште новинари и весници се цареви. Пред некој ден сакав да направам еден пост во кој требаше да биде направена компарација на текст изворно напишан од МИА и информациите презентирани од страна на дневните весници. Copy/Paste заедно со грешките. Ама за жал МИА нема архива па не можев да направам линк до таа сторија. Навистина жалам.

Дали моделов воопшто држи вода, времето ќе покаже. Дали нашите весници размислуваат нешто во ворска со некаква, било каква промена и тоа времето ќе покаже. А додека дојде времето кое покажува ние ќе продолжиме да си читаме вести каде ни е ќеиф.

The Editors Weblog asked the Merc’s executive editor, Susan Goldberg, about the paper’s transformation in an email interview (link)

1 Comment This is where our medium is going.
It’s time to get used to it.

  1. Sead 06/07/2005 at 09:35

    Darko fala za postov, navistina e interesen i naveduva na razmisluvanje. Sto se odnesuva dio tvoeto (retoricko) prasanje mislam deka dodeka ova ne go sprovedat edno 80% od vesnicite vo svetot, ovde za toa nikoj nema da pocne da razmisluva, malku sme intertni za promeni, i tesko se slucuvaat kaj nas.

Comments are closed.