Пробувајќи да најдам одговор зошто некои наши веб-сајтови, портали, онлајн сервиси за информации и сличито не нудат РСС канали за следење на нивните содржини, наидов на некои повеќе изненадувачки отколку интересни одговори. Покрај обичајно-традиционалната инерција и мрза во однос на подобрување на квалитетот на услугите, еден од почестите одговори е „РСС-от им штети на рекламите“.
Ако се гледа стриктно формално и традиционалистички (низ искуството на ТВ и радио рекламата), оној кој ги следи содржините преку некој „агрегатор“ тоа и го прави, го чита текстот на „фидот“ и може да продолжи понатаму, но оној кој навистина има интерес за таа вест или информација сепак ќе кликне на линкот и ќе го посети сајтот каде е објавена самата информација/содржина во целина. На тој начин РСС-от ги селектира посетителите на сајтот, така што на самиот сајт доаѓаат само најзаинтересираните или најупатените. Токму тука се крие рекламно најголемиот потенцијал (кој поупатените истражувачи секако го разбираат), контекстуалното рекламирање. Со други зборови, РСС-от во комбинација со контекстуалното рекламирање е прилично моќна комерцијална алатка и троа игнорантски е да се каже дека РСС-от им штети на рекламите. Тој ги менува принципите на традиционалното рекламирање, но во услови кога за класичното кампањско и ангро рекламирање (ТВ спот, радио реклама, печатена реклама, билборд) водени од квантитативна логика (што повеќе време во етер, страници во весник, билборди на одредена теориј) сите ние имаме автоматизирани одбранбени механизми (далечинско, менување станица, пренасочување на вниманието, фрлање на летокот, игнорирање на билбордот), потребно е што поитно разбирање дека доаѓа ера на квалитативно рекламирање, кон кое заинтересираните (и медиуми и огласувачи) мораат што побргу да се престројат. Што побргу тоа повеќе заштедени и поефектно искористени средства.
Згора на тоа секогаш постои опција и за РСС рекламирање:
Иако, ти и сам спона дека има поместувања и во овој сектов во мк (реклами во фид) сепак мислам дека има некои работи кои пред да се стигне до фидот треба да се знаат денес.
треба да се знае дека каналите за дистрибуција се менуваат, дека новите медиуми не функционираат по нормите на старите и дека новата публика, мислам на онлајн публиката не само на младите, различно ги перцепира, прима прифаќа информациите. Paul Bradshaw зборуваше малку на пролетниов Glocal 2.0 на оваа тема.
A, исто како што и самите онлајн медиуми може да не бидат закана за своите традиционални пандани, така може и за фидовите да се најде реална употребна стратегија која може на крај да резултира со позитивно конто.
За жал кај нас далеку е времето кога оние на клучните позиции ќе можат да го разберат ова и кога ќе им дозволат на луѓето кои малку од малку знаат нешто да го сработат тоа како што треба.
Wow, fantastic blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is fantastic, as well as the content!. Thanks For Your article about RSS аgnostica | К О М У РИ К РЦ И И .
Frank Tyger~ If you cannot lift the load off anothers back do not walk away. Try to lighten it.