Координатор на заедница

Насловов е груб превод на community manager, и на мк звучи ко некој чичко што е главен во месна заедница. Но тоа и не е толку важно, во моментов.

Вчера, отворив, додуша не многу успешно, тема за употрeба и менаџирање со фидовите. Денес, еве уште една навидум мала, незнaчајна тема од светот на онлај медиумите, но ако се погледне поубаво, секоја од овие, навидум мали теми си има голема улога и своја специфика за која мора да се биде подготвен.

Community Manager has Big Eyes and Ears and a small mouthКоординирање на една заедница може да се сведе само на модерација на коментари, што не е наивана работа. Но денес, се почесто со прилепивањето на цели социјални мрежи за одредени брендови оваа работа станува многу покомплексна, поосетлива и бара многу однапред донесени одлуки и стратегии како и добро обучени луѓе.

Robin направил кратко но одлично интевју со директорт на Tempero, водечка британска компанија која се занимава со комјунити модерација. Во постот (video: behind the scenes at a leading moderation provider) покрај неа има споманто уште неколку вакви. Да бидам искрен не знаев дека постојат посебни компании само за оваа работа, и особено не очекував дека ги има во поголем број.

ОК, еве го интевјуто. Едитирано е, очигледно, но внатре има доста корисни работи.

Од малку поинаков агол: What a Community Manager does

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Координатор на заедница

  1. Баждарџија 03/07/2008 at 00:43

    Па насловов воопшто не е груб превод. Всушност е многу фин. И јас го посакувам местото Менаџер на Задница (особено ако се во множина).

Comments are closed.