Сеад некако ме погоди со претходниот пост. Не знам со кого точно разговарал на ова тема, ама ме натера да се навратам на некои теми кои сум ги читал пред повеќе од една година. Ме натера да го променам малку моево темпо на овој блог. Ќе преведувам повеќе и ќе се обидам да бидам попрагматичен тука, наместо да препраќам на други места :), не знам колку ќе ми успее. Значи еве прва тема.
Фид (rss, news feed) дали да биде целосен или делумен?
Поголемиот број на големи сајтови кои нудат голем број на информации си го поставуваат или барем еднаш си го поставиле ова прашање. Која е вистинската стратегија за употреба на фидовите. Веднаш да напоменам, дефинитвна одлука нема. И двете опции имаат свои позитивни и негативни страни, иако се чини овие гоелмиве сите употребуваат скратен ;). За да илустрирам дел од нив ќе се послужам со делови од следниве неколку текста:
Full or partial: the RSS debate – European Journalism Centre
Are You Feeding Your Online Audience Enough? – PoynterOnline
Full Or Partial RSS Feeds – The Great Feed Debate – ProBlogger
Why Full Text Feeds Actually Increase Page Views – Techdirt
– RSS претплатниците генерално преферираат целосни фидови. Далеку им е поудобно да го причитаат целиот напис со помалку кликови. Покрај тоа некои кратки фидови содржат екстремно малку инфомации кои не се доволни да се разбере за што е соодветниот напис, што пак од дуга страна не го мотивира читателот да клине за да ја прочита целосната изворна верзија
– Не постои голема разлика во кликовите кои се генерираат преку фидовите во зависност дали фидот е скратен или целосет. (ова е според некои искуства на FeedBurner)
– Целосните фидови, всушност носат повеќе посети… тие го олеснуваат процесот на читање што пак значи дека поголема е веројатноста некој да го прочита, разбере и потоа да појде да ја проследи дискусијата или да сподели, т.е. испрати на маил, постира, пријави на Digg, del.icio.us кајмак.от… со што овозможува поголем број на нови читатели да го кликнат и видат и евентуално написот и тие подоцна да станат претплатници т.е. редовни читатели
– Понудата на целосен фид носи и низа на ризици. Постои ризик дека содржината многу лесно ќе може да се украде или ре-објави притоа без да се наведе изворот. Исто така, понудата на целосен фид за големите сајтови знае да троши многу бендвит и останати ресурси ообено доколку вклучува и фотографии, и видео.
– Со скратен фид не е возможно офалјн читање на статиите, што е овозможено кај дел од фид ридерите и претставува практична функција доколку се патува, или се следат написите на мобилен или некој друг рачен уред.
Коментарите се отворени? Кој е твојот став? Целосен или скратен фид?
Како што напомена Сеад, добар дел од нашите сајтови воопшто немаат фид, што претставува најлошата опција. Како и да е, управувањето со фидовите треба да се изгрди на ниво на стратегија и не треба да се занемарува воопшто. Истражувањата покажуваат дека најгоелмите медиуми веќе одамна имаат подготвено цели стратегии за дистрибуција на своите содржини преку фид.
Едн од заклучоците во погоре посочените текстови вели:
Без разлика дали станува збор за целосен или скратен фид, фидовите се сила која не смее да се игнорира. Активните читатели ги бараат, а во иднина уште повеќе интернет корисници ќе се претплатуваат. Моќта на фидовите може само да расте. Времето кога треба да се изготви соодветна стратегија е сега, додека технологијата е сеуште млада и голем број од идните корисници допрва ќе ја откријат. Во суштина, во прашање се неколку години пред оваа технологија да биде целосно воспоставена и тие без соодветна стратегија да останат во позадина. (ова е од минатата година)
Дополнителни основни информации за RSS: Your Guide to RSS, Што е RSS и како да го започнам користењето?
Во прилог може да послужи и ova video титлувано на македонски.
Инаку, навистина не би знаел како да постигнам се‘ што сакам да прочитам ако не се РСС агрегаторите. Користам http://www.protopage.com.
Само напред со плановите! 🙂 Изворите (локални 🙂 за постот не можам да ги откријам зашто им дадов збор, но лесно може да ви текне бидејќи главните осомничени се познати на јавноста :)))
:::TRACKBACK:::
Дебата: цел или делумен RSS фид GoodBytes
И мојот коментар од таму 🙂
се е супер во постов, фала и за препораката за Click, ама мојот пост не се сложувам дека е потехнички. Колку и да се расфрла со технички термни или предизвици, сепак станува збор за крајно уредувачка политика која би требало да се донесе врз онова на некоја пообмислена стратегија за употреба на фидовите со одредена цел.
можните сценарија не се избор меѓу двете опции, има голем дел помеѓу за кој техничкот дел е само во рамките на имплементација.
Патем, не знам зошто ама WP темава не им става trackback, ќе ставам еден рачен 🙂