Импресии од Social Media Day караванот низ Македонија

Кога си сконцентриран не нешто толку многу, успеаваш да испуштиш многу детали кои на многумина многу им значат. Токму затоа и не можам да раскажам како поголем дел од вас си поминаа во саботата, но знам дека мене ми беше ден кој нема да го заборавам. Храбра агенда, уште похрабра екипа и онаа која патуваше и онаа која не чекаше во секој од посетените градови.

Статистики ќе вадиме подоцна, не е овој пост за бројки, овој е за чувства и доживувања. Запознав многу луѓе, многу ведри луѓе со кои делиме страст за некои работи. Не спојуваше желбата за дружба и размена и тоа се чувствуваше од првиот момент кога ќе влезевме во некој од градовите. Бевме во Прилеп, Тетово, Куманово на крај во Скопје и на почеток на поминување до Неготино.  Она што најмногу ме радува е што со нашава иницијатива успеавме да ги размрдаме малку луѓето во другите градови за да сфатат дека ги има и дека е супер да се дружат почесто. Она што дополнително ме прави оптимист е што каде и да појдевме сите имаа идеи за нова дружба на некоја супер локација со супер друштво… верувам дека се што спомнавме ќе се реализира. Ние сме тука да помогнеме, но иницијативи ќе мора да има и од сите вас.

Комбе, слушалка, банани, пици, веридби, @DzaBest бројчиња, се само дел од деталите за кои се зборуваше и ќе се зборува. Во периодов кој следува ќе се обидеме да извлечеме максимум што можеме од сите материјали кои се направија тој ден и да споделиме што е можно повеќе.

Дружби нови секако ќе има, екипата на @DzaBest најави расположеност за подршка на нови подвизи. Мојот став е всушност RT

Ви благодарам на сите кои ни помогнавте и дојдовте да го одбележиме денот. Особено благодарност до @DzaBest, @365commk, @onnetmk, @crnobelo, @enternetmk, @kajgana, 10bez10, @itcommk, @proom_blog, @commiemk, @olivermk, @ssanja4

1 Comment Импресии од Social Media Day караванот низ Македонија

  1. Pingback: Прв Social Media Day во Македонија | This is Not a Social Media Blog

Comments are closed.