91 #ПрегледВоПеток

Ми дојде редот порано од очекуваното ама не се жалам. Утрово ми започна некако стресно ама пишувајќи го овој #ПрегледВоПеток така убаво си се рекласирав, за мерак.

Почнуваме со домашна вест.

Time.mk со три нови верзии

Најпосетуваниот вебсајт за вести кај нас пушти три нови верзии како дополнување на стандардната со цел посетителите да бидат максимално информирани.

Промените што овие верзии ги носат е во рангирањето на вестите. Па така, во првата верзија лидер е најновата вест. Во втората и третата вестите се креирани користејќи агрегирани персонализирани подесувања на 17.000+ корисници поделени во две групи.

А кога сме веќе кај домашни вести, еве уште една не баш домашна ама што се однесува за нашата земја. DataReportal е сајт што нуди бесплатни извештаи за активноста на интернет корисниците. Во февруари годинава направиле извештај #Digital2020 за Северна Македонија. Бројките од истражувањето покажуваат колку интернет корисници имаме, колкумина од нив ги користат социјалните мрежи, колкав е бројот на мобилни интернет врски, итн. Интересен извештај.

Coca-Cola се вклучи во бојкотот против Facebook

Годинава не почна најдобро за Coca-Cola кога во април ставијa сè на пауза поради недостаток на ROI. Таман кога светот полека почна да се враќа во нормала, компанијата најави дека ќе ги стопира сите реклами на социјалните мрежи како дел од кампањата против Facebook наречена “Stop Hate For Profit”.

Coca-Cola оди еден чекор понапред за разлика од другите компании и ќе ги прекине сите реклами на сите социјални мрежи.

Starting on July 1, The Coca-Cola Company will pause paid advertising on all social media platforms globally for at least 30 days.

CEO JAMES QUINCEY

Дополнително, Quincey изјави дека ќе ги евалуираат своите стандарди и политики за рекламирање за да видат дали има потреба од внатрешни промени и што друго ќе можат да очекуваат од нивните партнери (социјалните мрежи) за да се отстранат платформите за омраза, насилство и непристојна содржина.

TikTok For Business за маркетери

Компанијата официјално ја лансираше својата нова платформа наречена “TikTok for Business”. Платформата ќе служи како дом на сите досегашни и идни маркетинг решенија за брендови. Сајтот ќе вклучува пристап до видовите на реклами како TopView што е всушност рекламата што прва се појавува кога ја пушташ апликацијата. Дел од останатите производи на оваа платформа се и Brand Takeovers, In-Feed Videos, Hashtag Challenges и Branded Effects.

Новиот ефект со вештачка интелегенција, “Branded Scan”, ќе биде исто така достапен. Digiday ги следи плановите на TikTok за вештачка интелегенција и очекува да бидат директен конкурент на Sponsored Lens и Word Lenses форматите на Snapchat.

Дополнително, TikTok ќе лансира и нов центар за електронска едукација. Во овој центар маркетерите ќе можат да дознаат повеќе за платформата и како да се рекламираат на истата. И последно, TikTok тестира уште една нова платформа наречена “Creator Marketplace” што беше најавена минатата година. Оваа платформа им овозможува на брендовите да најдат креатори со кои ќе соработуваат на кампањи (нешто слично на YouTube FameBit).

И Ikea експериментира со вештачка интелегенција

Ikea и нивната надворешна лабораторија за истражување, SPACE10, направија 18 различни дигитални искуства за корисниците како дел од новата платформа наречена Everyday Experiments. Секое искуство користи технологија за да им овозможи на луѓето да го гледаат просторот дома на малку поинаков начин.

Ikea беше еден од првите брендови што лансираше апликација со вештачка интелегенција заедно со Apple во 2017та. Корисниците на апликацијата можеа да си стават виртуелна софа и фотелја во дневната соба. Сега за сега, сите овие експерименти се само прототип и не би знаеле со сигурност дали и кога би биле пуштени за јавноста.

Заборави на едноставноста, новата ера на персонализиран дизајн е тука

Apple полека се оддалечува од идејата на Steve Jobs дека технологијата треба да е што е можно поедноставна за да достигне што поголем број на корисници. Во своето долгогодишно постоење и распространетост на секој дел од земјината топка, Apple сфати дека она што функционира за еден не значи дека функционира за сите останати.

Па така Apple им нуди на своите корисници можност самите да си го дизајнираат својот интерфејс. Наместо да го искорсти моментот да го унифицира дизајнот на своите уреди, Apple ја предава одговорноста на секој корисник поединечно. Ова и не е баш најидеално бидејќи повеќето од нас не можат да дизајнираат ни приближно добро како Apple.

Има доста проблем кои можат да настанат од оваа одлука ама да не зборам пред време. Да видиме како ќе се одвива почетокот па после може да направиме повторно муабет.

А кога сме кај дизајн, Spotify објави статија во два дела во која зборува за редизајнот на платформата. Доста интересен текст.

Бонус линкови

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.