Macedonia Timeless – ни траги од Интернет кампања

macedonia-timelessВеќе некое време, повторно и повторно се дискутира за, веќе легендарната, кампања за промоција на Македонија како туристичка дестианција: Macedonia Timeless.

Кога се појави првиот спот јас пишав еден пост во кој се обидов да посочам на, благо речено, лошата стратегија на оваа кампања кога станува збор претставувањето на Интернет. Дел од заклучоцоте беа:

  • Сајтот не е оптимизиран
  • Од насловната страница секој клик се отвора во нов прозор
  • Кампањава официјално ја нема на социјалните мрежи

Убаво ќе беше после 6 месеци од појавувањето на кампањава да не ме предизвика сега пак да мрчам. Ама не е така. Го пишувам постов за да можам да престанам да се замарам со кампањава пошто стварно врска ми нема (зборам за нејзиниот онлајн дел, за другиве не се мешам 🙂 И сега вака:

  • сајтот е уште истиот и покрај тоа што се направија уште спотови, таму стои само првиот
  • сајтот е уште истиот и покрај тоа што истиот е промовиран на сите други спотови
  • сајтот е уште истиот и покрај тоа што го има и на грдите билборди
  • не се појави ниту една друга организирана активност низ Интернет (колку што јас знам, ако грешам, пиши)
  • на YouTube секој автор сам си го објавува видеото (или некој друг, ако не авторот)

Мислам дека ми е доста, не заслужува повеќе зборови. Тотално разочарување.

  • очигледно после сево ова заклучот е дека нема нити траги од Интернет кампања

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Macedonia Timeless – ни траги од Интернет кампања

  1. Stefan 03/07/2009 at 13:19

    Ако имаше некоја организирана Интернет активност во поглед на промоција ќе забележевме…или ќе се пофалеа…Директорот за промоција на туризмот вика дека ќе се рекламираме на билборди и во печатени медиуми…Другиве опнаа реклами на CNN…никој не кажува која е конкретната цел на рекламата…мислам дека не ни знаат што сакаат да постигнат, единствено што им е битно е дека на крајот на годината или мандатот ќе кажат: ние вложивме толку и толку милиони евра за промоција на Македонија…Јеби га

Comments are closed.