На тема коментари онлајн, многу пати е разговарано и пишувано, а впечатоците остануваат исти: слободите кои им се дадени на онлајн читателите се злупотребуваат речиси максимално. Таков пазар на глупости, навреди, расизми, национализми, говор на омраза, шовинизам, ретко се гледа и доволно е човек малку да се задлабочи во „темите“ на препукувањата да каже „кај отиде светов?“. Без да се зазема некаква супериорна позиција во однос на нивото на ваквата наречи-ја-комуникација, и без некоја правна експертиза, јасно е дека во кошниците на коментарите на нашите медиуми се крие еден цел куп вербални навреди и вербални прекршоци на граница на кривични дела.
Идејата на коментарите е рационална дебата и дијалог (со поента), давање глас на читателот, разоткривање на контекстот на настаните и јавните теми и слично, давање финеси и сведоштва за настаните, но за жал поголемиот дел од нашата читателска публика изгледа не ја заслужува таа можност. Тоа мора да се признае за да воопшто се создаде некаков простор и мотивација ваквата читателска култура да се подобри. Од друга страна онлајн медиумите кои не ги филтрираат и „чистат“ коментарите од ваков тип, ја зголемуваат популарноста и читаноста со тоа што ги оставаат ваквите коментари и просто ги канат читателите на вербална распаљотка на своите онлајн страници. Неквалитетот и нискоста добиваат „ветер во грб“ а дебатите кои наликуваат на Џери Спрингер шоуа почнуваат да доминираат. Кој знае, може еден ден онлајн комуникацијата да ни ја зададат како „бенчмарк“(мерило) за пристап кон ЕУ.
Во продолжение неколку бисери на темава:
- Ај ти не јади г…, и немој многу да кажуваш кој и како да прави, дали е двaнаести или не знам кој век тоа не е важно некој има што не е п… како тебе и кој е способен у исто време и да има женска и да биде патриот а ти можеш само да к…, и да збориш глупости, ти си тој што не замара а не ние!
- Ljuge Bozji ovoj surat zarem mora da go gledame sekoj den!
- PEDERAKIUM od covek drugo shto da se kaze, a ovaj GERO ushtene se vraka od kaj negovite TOPLI BRAKA-grcite!
- gi citam komunujarive po blogovi kakao s epotpisuvaat so lazni iminja i nickovi i vekaat deka glasale za gruevski ama veke nikogas posle ova.
- Штотуку си направивте најлоша можна реклама за вашиот посран весниk…
- Ќе ПЛАТИТЕ ЗА ОВА !
- Б.И. (на авторката на текстот) da idesh vo Drac da si ziveesh gusko edna skapana….
Овие – примериве кои ти се дадени се автоцензурирани или ти ги прилагоди? 🙂
Знаеш Сеад, ова некако премногу слобода за изразување ни дојде, па тешко се контролира. Како пуштен од ЗОО со указ, така се чувствува народот со благодетите на нетот. Треба да помине време на припитомување/прилагодување, па после се ќе си дојде како на стариот добар запад (?).
Рибаро, мислам дека го погоди Ахил право во петицата 🙂 Така некако ненаучени на слобода не размислуваме за одговорноста која доаѓа со неа. Малку звучи „холивудски“ ова моево, но држи вода дека треба време, само да нагласам дека се работи за активно а не пасивно време, кое ни треба да го надминеме ова. Значи, постојано да се мрчи што не чини, но и да се даваат сугестии како поинаку може. Секако има и интересни дебати, на ок ниво, но сепак се уште на маргините таквите примери.
пс: коментарите погоре се автентични, освен она со точките како обид да се упристојат некои ако е воопшто можно тоа. На самите сајтови си оди се, без с„т“рам, од репрдуктивни органи до животинско царство.
Чудесноста на анонимното коментирање (или под лажно име), ги буди најниските страсти кај човекот.
И – не се слагам со ribaro – Народот никогаш нема да се опамети, како што не се опаметил ниту „на запад“. Само што попаметните уредници си ги модерираат коментарите.
А башка, каква ни е културата на улица или дома, такви сме си и он-лајн. Лајно, да ми простите.
Јас пак верувам дека може да се подобри, иако праксата не ни дава многу основа за оптимизам 🙂