@banekoma за #МаратонТранспаренти на #smdaymk

Знаете дека на блогов нити најавивме дека ќе имаме #smdaymk нити пак ви пишавме впечатоци како лани. Ама годинава си направивме посебно сајтче, па таму ви ги пишувавме новостите.

Е тука решивме да ви ги постираме видеата од настанот. Првото е она кое според многумина заслужува да биде прво. Презентацијата на Бане беше оценета како најдобра од многу присутни, и нам исто така ни е многу драга.
Го најавивме како омилениот дизајнер на сите твитерџии кој е неизоставен дел од акциите организирани на нет и офлајн.
Оваа година ни зборуваше за #МаратонТранспаренти. Уживајте во презентацијата, сите кои немавте можност да бидете присутни.

Дополнување: Бане не потсети дека фино би било да си ја имате и презентацијата. Еве ја во продолжение.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.