0800 54321

Шуќур :), конечно.

Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) отвори бесплатна телефонска линија за пријавување на можната корупција меѓу новинарите.
На телефонскиот број 0800 54321 граѓаните ќе можат да пријават случаи на коруптивно однесување на новинарите 24 часа на ден, во текот на целата недела. Отворањето на бесплатната телефонска линија, како што е соопштено од ЗНМ, е во рамките на проектот „Новинарите против корупцијата-зајакнување на етичките стандарди“. За таа цел ќе бидат организирани и седум конференции на кои ќе се разговара на две теми:креирање на кодексот за антикоруптивно однесување и за можноста за користење на информациите од јавен карактер во новинарски текстови.

Ги чекаме и конференциите, да видиме дали има вистински прогрес и во оваа сфера на работата на медиумите.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments 0800 54321

  1. sead93 09/07/2007 at 17:48

    Колку што ги проследив вестите ниту еден од Тв дневниците не информира за овој настан, а ниту Утрински веснил во он-лајн изданието за утрешниот број.

Comments are closed.