92 #ПрегледВоПеток

Требаше да пишувам преглед минатата недела, ама некако непланирано го заборавив, па Симона улета да ме спаси. Ама нема бегање оваа недела. И се разбира кога јас пишувам преглед (знам дека нема име горе на авторот и мора да скролнеш долу, ама работиме не редизајн на блогот, ќе гледаме да ја смениме и таа неправда 😉 значи, јас кога пишувам темите малку повеќе натежнуваат на страната на медиумите на сметка на маркетинг.

Ајде, читај и кликај.

Instagram на пат да го помине Twitter како извор за вести

Според податоците до кои дошле Reuters Digital News Report трендот на користење на Instagram за информирање на дневно ниво со години расте. И ако се погледне убаво графиконот наскоро може да очекуваме да го претекне Twiiter. Младите корисници до 26 години се клучот за овој тренд. Тие го напуштаат Facebook а во исто време си ја носта културата за повеќе консумирање на визуелна комуникација. Па затоа Instagram е решението. Со оглед на фактот дека на Insta не се клика на линк за да појдеш на инфорамативен сајт, овој тренд може да донесе интересни промени и во тој сегмент. Ќе видиме.

Америка размислува за блокирање на TikTok

Индија веќе го направи тоа, и заедно со TikTok блокираше и еден куп други апликации кои доаѓаат од Кина. Лесно е, само ќе изградиш наратив дека апликациите собираат податоци за корисниците кои потоа ги ставаат на располагање на кинеската влада и одма е полесно да блокираш, или не?

TikTok има директор Американец, тврди дека сите податоци за американските корисници се чуваат на сервери во Америка и дека ги исполнува сите пропишани норми за управување со истите, дополнително тврди дека нема да и ги дава на кинеската влада.

И на малите пилиња на гранка им е јасно дека во тек е специјална војна меѓу Кина и Америка, ама не верувам дека Америка може со кинески методи да ја победи Кина. Како и да е, забавно е да се гледаат демократиите како смислуваат начини да се борат со современите глобални компании, ама сега од другата страна на рингот.

Tinder растура во време на пандемија

По споделување на оваа вест во четот со колегите, следеше скриншот од приватен муабет со роднина од Германија каде се потврдува токму оваа вест. Во време кога, според мене, комплетно погрешно се форсира социјално место физичко дистанцирање, очигледно е дека луѓето си имаат потреби.

Според статистиката на Sensor Tower, компанија која ја следи економијата на апликациите за паметни уреди, изминатиов период Tinder се нашол на трето место, веднаш по TikTok и YouTube а пред Netflix и Disney+. Ок доста е за оваа вест, клик на линкот, за да не забегам јас подлабоко во моите теории зошто е тоа така 😀

Бразил доби закон за лажни вести, експертите се бунат

Во својата четврта верзија закон во Бразил сега и официјално го регулира намерното производство и дистрибуција на лажни вести и клеветничка содржина. Законот меѓу другото им наложува на интернет сервисите да чуваат некои содржини подолго време и да ги направат истите достапни на судот ако има потреба и дополнително бараат сервисите да бараат фото идентификација за да може корисниците да пристапат на своите акаунти.

Експертската заедница и сервисите за проверка на факти истакнуваат дека законот ќе биде контрапродуктивен и дека ќе има повеќе штета од корист.

Не сите медиумски бизнис модели трпат загуби во време на пандемија

Иако периодов е особено тежок за некои индустрии, изгледа дека на прва мисла никогаш не помислуваме на медиумите и новинарите. Тие исто така се под притисок на намалените приходи а секако во исто време се и под притисок за квалитетот на работата која треба секојдневно да ја испорачаат.

The Conversation, австралиски медиум кој комбинира академски истражувачи и новинари во производството на својата содржина, покажува дека нивниот бизнис модел е постабилен од другите во вакви времиња. Имено, тие имаат за цел да ги пренесат научните истражувања до пошироката публика и тоа се докажува како паметен пристап. Интересен модел во секој случај, особено кога локално гледаме како и оние медиуми кои беа повеќе насочени кон професионалност а помалку кон сензационализам, ги менуваат своите уреднички политики. Ама можеби и не е до медиумите, можеби е до донаторите?

Facebook дозволува да се креира публика врз основа на е-commerce активности

Да не мислеше дека овој преглед ќе остане без Facebook? Think again. Еве затоа на кратко, на крај, на англиски: in your Custom Audience options through Facebook Ads Manager, there’s a new option to create a listing based on ‘Shopping’.

The available options are:

  • People who viewed products
  • People who added any products to their basket
  • People who purchased any products

Ecommerce 4 ALL – бесплатна и едукативна веб платформа за е-трговија

Пред некој ден во јавност беше пуштена новата веб платформа, која им овозможува на сите потенцијални и постоечки е-трговци на едно место да стигнат до потребните информации за започнување и правилно водење на една е-продавница, вклучувајќи ги клучните аспекти во синџирот на е-трговијата како што се: регулатива, испорака и е-плаќање.

Дополнително, „E-commerce4All“ директно ќе промовира и успешни приказни од областа на е-трговијата, ќе помогне во справување со сивата економија во е-трговијата и транспарентно ќе ги прикаже сите сертифицирани е-трговци кои ги исполнуваат сите услови според регулативата во нашата земја.

Сега е активен првиот од петте модули на веб платформата, кој се однесува на регулативата, а во наредниот период соодветно ќе се објавуваат и останатите модули. 

Не заборавај да кликнеш и на

Бонус линкови

Место Marketoonist денес ќе ставиме видео вест за YouTube, прикладно нели 🙂

Се читаме во следниот #ПрегледВоПеток 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.