Хрватските печатени медиуми

Краток поглед на хрватската медиумска сцена и тоа во однос на печатените медиуми, резултат на некои преписки на авторов во анализирањето на медиумските пазари во регионот:

 „Во Хрватска постојат неколку дневни весници, од поважните Vjesnik, Jutarnji list, Vecernji list, Slobodna Dalmacija, Novi list, Glas Slavonije, и други помали. Сите весници излегуваат во стандардните утрински термини, освен Jutarnji, Vecernji и понекогаш Vjesnik, кои во термините навечер (20ч) дистрибуираат прво издание и тоа само во Загреб, а потоа наутро целосното нормално издание за цела Хрватска. Ова значи дека Jutarnji list и Vecernji list, се идентични според своите методи на издавање и циркулација, а самите називи немаат некаква врска со периодот кога се издаваат. photo.jpg

Во однос на онлајн издавањето, поголемиот број (90%) на весници е проста копија на печатеното издание, иако Jutarnji list, Vecernji list, нудат дополнителни содржини, Vecernji има видео материјали, а Jutarnji има дополнителни колумни на своите новинари во форма на блогови, а постапно воведува и разни мултинедијални содржини, иако за сега то не е баш успешно, заради лошиот квалитет на истите. Jutarnji од неодамна воведе и посебна претплата за електронско прелистување на печатеното издание..

(Мр. Хрвоје Језиќ, Загреб)

1 Comment Хрватските печатени медиуми

  1. airport transfers me 21/11/2012 at 06:33

    Did you hear about the blonde who went to a nudist camp for a game of strip poker?

Comments are closed.