Пред повеќе од пола година решив дека ќе инсталирам Snapchat за да видам што и како… Знаев дека сервисот не е за мене, ама од професионална точка бев љубопитен, како и секогаш. После неколку недели дефинитивно си потврдив дека не е за мене, но оставив простор дека можам да сфатам зошто го користат претежно помалдите.
Како и да е, ни тогаш а ни после тоа не стасав да разберам како брендовите го користат и каков ефект имаат. Некако ги скокав тие текстови на нет, не ми беа интересни зошто им фалеа некои детали кои мене ме интересираа.
Токму затоа сакав и да ја натерам Јована (@bigajovana) да ми раскаже повеќе за сервисот, зошто таа е негов најголем проповедник, од луѓето кои јас ги знам. Јована е дел до Digitalizuj.ME и @SparkME тимот од Црна Гора и е супер енергична млада девојка која ми се чини далеку ќе стигне во животот, пред се зошто е паметна и многу упорна. Значи… во нешто помалку од 5 минути Јована ќе ве убеди да користите Snapchat… 3, 2, 1 сега!