Читајќи го последното издание на магазинот„Форум“ дознав за доделувањето на признанието „Супербренд“ на 25 домашни производи и компании:
Дваесет и пет производи и компании, кои се прогласени за супербрендови, завчеравечер ги добија признанијата од меѓународната организација „Супербрендс“, која работи на идентификацијата на водечки брендови на поединечен пазар.
Тоа се: „Акцент медија“, „Алкалоид“, „Бекутан“, „Кафетин“, ТВ Алсат М, „Би- милк“ на ИМБ, „Витаминка“, „Стоби флипс“, „Горска вода“, ДХЛ, „Златен даб“, „Златна книга“, К-15, „Капитал“, „Краш“, „Лек“ , „Мајкрософт Македонија“, „Мекдоналдс“, „Пекабеско“ , „Ронхил“, „Свислион“, „Скопски пазар“, „Т-мобиле“, Сити радио и „Космофон“ … Квалитетот, одговорноста, разликувањето и емотивното влијание се четирите карактеристики, кои ги издвоија овие супербрендови од останатите 800 од кои се правеше изборот.
Секоја чест и честитки до добитниците, но мојот личен впечаток е дека изборот на брендовите (според стручен совет составен од 60-тина претставници на маркетинг агенции, медиуми, академски експерти и компании) ептен ми наликува на маркетинг верзија на домашниот избор за Евровизија. Произволно донемајкаде, благо кажано (види само „Мајкрософт Македонија“ како престижен бренд во Македонија?). Јасно е дека се работи за листа оформена преку интерните еснафски врски и лобирања во триаголникот „компании-медиуми-маркетинг агенции“ и можеби повеќе е листа на оние кои имаат најмногу влијание во медиумите и одвојуваат за реклами (земи само на пример критериум „емотивно влијание“ на Кафетин?), но нејсе.
Како и да е, покрај одбележувањето на овие нелогичности, не би коментирал повеќе и би им оставил на постручните и поупатените маркетинг стручњаци да ги анализираат овие „рабоќе“. Мене овде ме заинтригира медиумската рефлексија на овој настан:
Домашните медиуми реагираа секој по своето. Оние медиуми кои имаат тесни врски со одделните брендови ги „исцепаа“ само нив. Но, проблемот е и од сосема друга страна. Тешко дека некој медиум ќе излезе да ја искритикува ваквата листа од чиста причина што може да си ги наруши односите со „престижниве“ компании и да се лиши себе си од некаква идна можна соработка и спонзорирање. Се работи за еден тивок пример на наменска автоцензура на медиумите, па токму затоа никаде нема да најдете критички текст за изборот (иако нелогичности има, би рекол, бутур).
Во онлајн сферата исто така бедничко издание. На сајтот Македонија заведена под Фиром, а за самата земја нема потсекција (нула, зип, нада), а одбраните брендови со ова признание можат да се цепаат само, што би рекле Синтезис, „во наше село“, и тоа во ерата на глобалната економија и отворени пазари (за разлика да речеме од супербрендовите во Египет?).
На крај би го издвоил ова сомнително соопштение на Он нет кои се испофалија со бренд-наградата на „Космофон“, заслужено или не проценете сами 🙂
Вака или онака, останува впечатокот дека брендот на Супрбенд овде во Македонија е прилично избледнет со вакви псевдо-елитски настани кои не се обмислени и спроведени како што треба за да добијат реален третман на елитизам и престижност.
Ако имаш 2-3 000 евра вишок и ти ќе бидеш Сеад – Супербренд Македонија за 2009 (2010 од ново ќе си платиш со попуст).
Пак ни продаваат стари финти словенците.
Класика.
Супер текст Сеад.
Поздрав
Појма немаш што пишуваш дечко! Прво, треба да знаеш дека овие 25 бренда се само дел од големата листа брендови, избрани од страна на советот што го потценуваш. Второ, овие 25 бренда имаат платено по 8 илјади евра за да влезат во каталогот Супербрендс Македонија и за да можат да го користат Супербренд симболот покрај својот. Трето, многу брендови за кои што ќе се согласиш дека се супер секако ја добија титулата, но проценија дека не треба да платат 8.000 евра за придобивките што ги носи сето ова. Ве молам, се нешто се правите паметни, веднаш плукате, критикувате и напаѓате, а во суштина доста слабо располагате со информации… Гледано од страна изгледа смешно ем патетично. Поздрав
Андреј, фала ти за мислењето, но морам да додадам дека не е убаво да го потценуваш соговорникот кого не го познаваш и да му се обраќаш со такви „uncalled for“ зборови :). Како и да е, тоа веројатно и не е важно, за дискусијата овде е поважно што не си го прочитал внимателно постот во кој убаво си стои: (а) изборот е тој и тој, малку е чуден (пример Мајкрософт МК), но авторот се дистанцира од техничкиот дел (кој, што како, зошто делел и добил), (б) авторот го разгледува медиумското покривање на овој настан. Точка. Нема плукање, потценување и слично, тоа е тоа. Аргументирано и со линкови се детектират некои чудни моменти (пр. Мајкрософт, Он Нет), но нигде не се плука, потценува, обвинува за корупција, и слични ствари 🙂 Во суштина коментарот ти е утнат во критичкиот дел (изнесуваш апансанс негативна квалификација без објасснување и аргументација, за тоа зошто авторот „нема појма“ + даваш некои свои информации, супер, фала, ама тие немаат врска со тврдењата на авторот, туку просто кажуваат нешто повеќе за самиот настан), + обвинуваш (правење паметни, плукање), а не кажуваш за што и не нудиш никаков доказ или факт што ќе покаже нешто различно од ставот на авторот. Фала што го следиш блогов, поздрав.
@super muper: фала ти многу 🙂 мислам дека во две три реченици си ја допер суштината многу подобро од мене :)) поздрав.
Ха, и мене ми стигна известување дека мојот бренд е избран за супербренд. И прво се фасцинирав, ама подоле во мејлот кога прочитав дека ми бараат 8.000 евра за да ми дадат пемпеле и дозвола да се фалам дека ме избрале за супербренд – се насмеав, си реков овие се луди, нека бркаат работа:)
Интересен бизнис смислиле, а и има многу фирми за кои 8.000 евра не е сума 🙂
Корекција – не се сеќавам точно дали беа 8.000 или 5.000, или имаше две опции за 5.000 и за 8.000 што смееш да користиш.
Дарко фала ти искрено за коментарот, супер информација за да се демистифицираат работите. Секако свесни сме како одат овие работи во денешниов капитализам, и овде и на Запад, но друго е кога човек ќе посведочи како се одвива тоа во пракса. Поздрав.
Јас се извинувам доколку некој е погоден од стилот на мојот коментар, но овде не сме да го анализираме мојот речник туку содржината на твојот текст, и мојата реакција се однесува не само на овој текст туку генерално на принципите и духот кои произлегуваат од текстовите што се објавуваат овде, а се претежно, не ми замерај, дилетантски. Точно, сега ќе кажеш да си бркам работа и да го заобиколувам сајтов, но така не го решаваш проблемот на твоите текстови. Велиш дека сум ја промашил суштината на постот. Дали? За медиумската рефлексија разбирам што сакаш да кажеш ама ти велам дека не е така бидејќи денес секое ПР третирање се плаќа, па оттука не е чудно што некаде некои се побајаги верглани, а некои само основно набројани. За произволниот избор во стилот на Евровизија, пак ќе ти повторам, изборот е реален, но веројатно е потребно дообјаснување кои се беа избрани, а кои од нив прифатија да платат и да ја комуницираат освоената титула (а јас ова ти го кажав уште во првиот коментар). Еве еден пример: од медиумите во каталогот влегоа само Сити радио, Капитал, Форум, а не ги прифатија условите (иако исклучително поволни за медиумите) А1, Антена 5, Кирилица, Време, Шпиц, … иако сите знаеме дека некои од овие се пазарни лидери во својот сегмент и подобри и поетаблирани од оние кои денес се фалат дека се супербренд. А Словенците ќе ни продаваат се додека наместо да плачеме за нивниот успех не седнеме и направиме нешто подобро од нив. Ете дојде време кога не можеме повеќе неуспехот да го бараме во владини политики, конспирации и сл., денес пазарот решава дали Словенецот или Македонецот ќе успее да се наметне со својот производ. Поздрав!
Андреј, си заборавил на два пати да оставиш линк да видиме што ти работиш за да можеме да прифатиме неоснована критика. Факт, секоја критика е добредојдена ама секоја поткрепена критика…
Вака анонимно без историја зад твоето име, не вреди. Најлесно е да плукаш.
Se soglasuvam celosno so Darko i prodolzuvam da uzivam sto ne im se dopagjam na lugje bez argumenti :)) Pozdrav.
Патем Он.нет ја тргнаа веста од нивниот сајт затоа е прецртан линкот кон нивниот сајт.
Можеби е преместена на друг линк, не знам.
Eve uste edno post festum priznanie :))) http://netpress.com.mk/vest.asp?id=59432&kategori…
Покасно платиле :))
#Ohridska banka: Bash toa mi beshe zborot, kako se uplakjaat parite, taka stasuvaat nagradive 🙂 Neka teraat 🙂 #On.net: Super za infoto. Me mrzi da im baram po biznis sajtot 🙁 mozebi e korekcija, koj znae? 🙂
Јас не знам што е претходниот мој коментар, ако не аргументи. Наместо да се соочите со аргументите, сега ми барате да видите што работам. Кога би ви излегол пресрет, ризикувам потоа да ми побарате здравствено уверение и крвна слика. Нема потреба дечки, така ќе нема крај. Имаме тема, дебатираме, ценете ја содржината на зборовите без оглед на тоа од каде и од кого доаѓаат. Ниту јас ве познавам и знам што работите вие. Ако сте добиле чувство дека плукам по вашите личности и дела, јас ви се извинувам. Никогаш немав таква намера. Само сакав да ви обрнам внимание, а тоа го правев со факти, дека тоа што се пишува овде не секогаш држи вода. Поздрав
Одличен текст, имам само едно прашање до Андреј, Дали „Мајкрософт Македонија“ реално е супербренд во Македонија? и ако е, според кој критериум е одбран.
Инаку секоја чест за Superbrands, добар бизнис ги селектираат најдобрите фирми и им продаваат етикета за 8000 евра.
Жал ми е што морам ад речам, ама Андреј е донекаде во право (иако и самиот признаваш дека во ПР не се разбираш:. па пола ти се простува:))
Комплетен промашај ти е следнава аналогија/критика
„(земи само на пример критериум „емотивно влијание“ на Кафетин?), но нејсе.“
Емотивно влијание во контекстот на корпорации (и следствен маркетинг), се однесува на влијанието коешто самата компанија (не нејзините производи) го имаат на околината. Се однесува на се` од корпорациска пракса на фунцкионирање (начин на кој третира вработени, донации во општествени сврхи, однос кон природа – environmental friendly во своите постапки или не, итн), и како начинот на функционирање влијае на околината т.е. дали ги мотивира граѓаните/и или конкурентите, или демотивира да напраат/не напраат нешто. Или со пример: – Ben & Jerry's – компанија која 7% од профитот го донира во добротворни цели, компанија која користи рециклирани картони за амбалаж, компанија која е позната по инвестирање во училишта, екологија итн. Компанија која сите ја сакаат, и оттука има неверојатно позитивно „емотивно влијание“ на останатите: ги мотивира во своите практики да го следат нивниот пример (покрај тоа што ги мотивира да ги купуваат нивните производи, оти се многу по societally conscious од останатите:)). Тоа е емотивно влијание, а не влијанието на сладоледот/или кафетинот на здравје на луѓето 🙂
Од таа гледна точка, покрај погорниве набројани компании во МК, тешко други да се издвојат, не за друго, немаат капацитет, како што има Мајкрософт, или Космофон да даваат пари (оти кај нас само до донирањето сме стасани, за другите работи за едно 100 години ќе се погрижат) 🙂
Инаку, ова околу 8 евра, и заклучокот на Андреј дека ПР се плаќа е исто така гола вода. Се плаќа, но не се купува здраво за готово. Во нормален свет, можеш да платиш 8 000 евра на агенција да ти крене рејтин за да влезеш во брошурата, но не и да ти „купи место“. Купувањето место е законски казнива ПР практика во земјите во кои се знае што е ПР. Ама кај нас се минува, па и ова.
поздрав
so many people are womens expedition parka enamored of the canada goose vest make of unique design! canada goose citadel Because the average