Global Voices – иницијатива

Во еден мој претходен пост спомнав малку подетално за оваа организација, од пред неколку месеци и нивната значка е во мојт блогрол, но дeнес видов дека и Време во редовната рубрика Сајт на денот објавиле текст за оваа организација.

„Глобални гласови на Интернет“ е непрофитен проект за граѓански медиуми на Правниот факултет на универзитетот Харвард. Негова цел е собирање и агрегација на разговорите на глобално ниво, користејќи ги „блогерите-премостувачи“ (bridge bloggers).

Овој веб-сајт е интересен и за новинарите и за уредниците од покласичните медиуми, особено за добивање идеи за написи, како и за добивање претстава за она што се зборува во светот. Креаторите на сајтов исто така работат на создавање глобален индекс на блогови. …повеќе

Веќе подолго време имам идеа да поттикнам иницијатива за креирање на колаборативен блог на кој сите заинтересирани МК блогери од време на време би пишувале постови на англиски јазик со теми интересни за глобалната публика, а сепак врзани за МК, без разлика дали то ќе бидат оригинални или веќе објавени текстови.

Со цел, откако ќе го пријавиме на листата на Global Voices некој од уредниците да објавува (бендисува) некои од постовите на насловната страна, со што би вршиле промоција, не само на МК туку и на МБЗ

Има ли заинтересирани за идејава?

10 Comments Global Voices – иницијатива

  1. Razvigor 13/07/2006 at 15:42

    Јас пружам поддршка, а би се приклучил со постови после месец дена.

  2. milozvucna 13/07/2006 at 18:38

    се придружувам и јас…малку сум лимитирана во поглед на време но имаш e-mail на мојот блог, можеш слободно да ме контактираш.

    Поздрав

  3. Јован 13/07/2006 at 20:59

    Дарко,

    ит дипендс. Ако се прави уште еден блог за онеправдани луѓе кој никој не ги разбира и се е еден огромен заговор против нив, а они од веквоната земја на култура и природа, тогаш јас би рекол „скип“.

    Од друга страна ако е искрен граѓански (поточно е-граѓански) обид за и од МК, тогаш супер, би сакал да помогнам.

  4. Tome 14/07/2006 at 01:07

    Ја поздравувам идејата. Само мислам дека забелешката на Јован е на место. Иако, сигурен сум дека не е намерата да се формира таков тип на содржина.

  5. TeNej 14/07/2006 at 01:16

    јас сум за играње

  6. Darko156 14/07/2006 at 10:18

    Јас немам конкретна идеаја што би била содржината, но сепак не мислам дека треба да биде типична пропагаторска или некако навредлива, туку едноставно да биде превод на се она што секој од нас го пишува во врска со МК а мисли дека ќе биде интересно да го дознаат и луѓе надвор од МК

    Мислам дека после некое време еден ваков блог ќе си изгради и свој идентитет, ќе видиме

  7. Darko156 14/07/2006 at 13:36

    Блогот е напрвен

    MK speaks EN

    Доколку сака некој да биде дел од тимиот, слободно нека остави mail за да добие покана.

    Сите партиципатори добиваат admin овластувања, ве моалм бидете фер 🙂

  8. Ико 15/07/2006 at 15:34

    Ако ви е во план да се покриваат и спортските настани од МК (на пример фудбалската репрезентација & stuff) јас сум за.

    И така веќе подолго време се спремам да почнам да пишувам на англиски на блогот. Коментирајќи на други спортски блогови од странство, добив доста посети однадвор…

  9. Darko156 16/07/2006 at 13:04

    @ Ико

    Немавме некоја јасно издефинирана политика што се може да се става на блогов, но мене искрено не ми пречи да има и спорт, ама да биде повеќе ориентиран на вести, т.е. нешто што би било интересно и за надвор од мк, се разбира со лични коментари 🙂 инаку нама да биде регуларен блог пост 🙂

    ама во секој случај не сакам јас да одлучувам, нека остават мислење и другиве.

  10. Baju Bayi 21/11/2012 at 06:08

    Wow, superb blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your web site is excellent, let alone the content!. Thanks For Your article about Global Voices – иницијатива | К О Ðœ У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.